кислород м.

кислород (м.)

Со тоа нашиот град ќе биде посиромашен за едно дрво, за една сенка, за една ладовина, за некое птичје гнездо и не знам за колку кислород што тоа дрво би го создавало кога би се развивало, кога би пораснало!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Планетарно наоѓалиште на хлорофил и на кокаин, на кислород и на целосна расипаност на материјалот и на духовите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тој беше својот син и зборуваше наместо него, се движеше испрекинато за да го смири своето забревтано срце и возобновената паника што ја чувствуваше додека ја навлекуваше свежата, чиста униформа, ги проверуваше резервите на храна, садовите со кислород, кацигата, скафандерот и се сврти, како и секој човек на земјата таа ноќ, за да се загледа во небото што брзо се исполнуваше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во бројни текстови тој ги објаснуваше корисностите што ги нуди таквото зазеленување на фасадите: 1. стеблата произведуваат кислород 2. подобрување на микроклиматските услови (во градот и становите), бидејќи се намалува острината на климатските промени (топло-ладно, влажно-суво итн.) 3. задржување на ситниот песок и сличните нечистотии 4. смалување на уличната бука 5. скриеност од надворешни погледи 6. сенка во топлите месеци, пропуштање на светлина во ладните (токму затоа „дрвата-потстанари“ се листопадни дрва, кои во зима оголуваат и овозможуваат поголем проток на светлина низ крошната) 7. можно е доаѓање на пеперутки и птици, значи радост при враќањето кон природата 8. симболично покажување на новиот однос кон природата - за разлика од кровните градини, „стеблата-подстанари“ се видливи и за минувачите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тие ги вдишуваат новите информации како што вдишуваат кислород.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
“ (Strelac 1995) Тој предвидува синтетичка кожа којашто ќе може да ги апсорбира кислородот и другите хранливи состојки, ќе исчезне потребата од внатрешни органи, а телото ќе се испразни и ќе се наполни со технички импланти.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Издувните гасови содржат азотни оксиди, од што се намалува кислородот во организмот и се јавува изнемоштеност.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Го закопаа како што е редот - со боца кислород во гробот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во центарот на виличестото лице имаше еден мал глужд, сосема мала брадавица, со две дупчиња на неа, кои длабоко и напорно дишеа за да го напумпаат кислородот потребен за да преживее организмот што беше обвиен со сало.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Постојано те исправа пред прашањето- Зошто дишеш, зошто на оние што го сакаат животот им го трошиш кислородот?“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Доктор Сашко Кедев слегува од врвот на светот вчудоневиден дека баш на врв свет мртвото е живо како животинките во цртаните филмови: знае дека во сите докторски книги пишува дека луѓето во чија крв има помалку од 6 единици концентрација на кислород веќе кинисале на оној свет ама од врв свет се слегува прудолу, спокојно и со уморна насмевка, се слегува директно во светот на чудата само со 2,8 до 3,2 единици кислород во крвта.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Имаше повеќе ноти отколку кислород во воздухот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Станот ни беше претворен во аптека, шишиња со инфузии, лекарства, спрејови, шише со кислород.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Таа направи мала пауза, чекорејќи првин лево, а потоа десно, со одмерен ритам во звукот што во допирот со паркетот го оставаа високите штикли, (тоа беше вообичаено на нејзините предавања непосредно пред да го изнесе заклучокот) и, кога оцени дека концентрацијата на слушателите го имаше постигнато потребното ниво, им се обрати тивко, со зборови кои се голтаа во сиот нивен волумен, како пластични апови до пукнување исполнети со кислород: „Мили мои осамени срца, добро запомнете, кругот за кој зборувавме функционира во секој сегмент на општеството, отсекогаш и насекаде.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Имало кислород и во меѓупросторот и меѓувремето.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Што му ја мислиш, сѐ е измислено, сѐ е направено, стокмено и на свое место, само јас во безвоздушен простор, вакуум, ми фали кислород.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)