киселица ж.

киселица (ж.)

Патчето било низ едни ливаѓе и во ливаѓето имало киселица, та Силјан си набрал и се изнајал од неа.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Децата јадеа малку и од киселиците, а потоа заскитаа наоколу, гонејќи се и играјќи се со Белуш, кој ненадејно се појави некаде од папратот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таму се чуваше храната за добитокот: сено, отава, слама, царевиње, а во еден дел од јужната и најзаветна страна, врз распосланата слама, се чуваа јаболка, круши - зимјаци и киселици.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа доаѓаа на ред јаболката, а на крајот, на истекот од зимата, кога сѐ веќе ќе се дојадеше, доаѓаа на ред дивите јаболчиња, киселиците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Еднаш, на киселица берење, тукуречи и го подвидов, ама многу од далеку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Киселицата е уште непотпркната, ама ние чепкаме, бараме, брстиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одиме по ливадите и штипкаме киселица. Ко ’ртки сме станале. Се гледаме, а не се познаваме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А за баба и дедо, бидејќи немаа заби - киселица, по мерка две шепи пченично и по една – ’ржано и пченично брашно и се печеше во черепна под сач.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)