килибар (м.)
И жал, и мака скри девојката; и мирно седна пред својот нежен татко стар, Не заплака, а мени боја, проѕирна и бледна, пожолтена ко килибар.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Сулоага, со ќуркот на едното рамо, чибук од половина метро в уста, едвај го лапа ќилибарот, се шетка и прави муабет, де со еден, де со друг чорбаџија Распрашува за дома, за деца, за стока и за бериќетот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дреите спрострени на жолтото, како килибар песоче, десно од колјата, сигурно се потсушија веќе. Треба да се испрскаат. Водата и сонцето најарно ги белат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во устата, за разлика од Челебиовиот килибар, држеше голем чибук од истиот материјал од кој беше и бастунот и ја чуреше запнатата на него цигара.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Е, до кај бевме со муабетот, чорбаџи Јован? — праша Адем наместувајќи ја запалената цигара на долгиот чибук со скапоцен килибар на крајот, којшто Катето веднаш го донесе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Небаре килибар ти ги лаже очите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Подарок негов за чедноста на случајот пресоздаден во љубовен порив: килибарот ќе се сеќава на борот – девојките ќе вишнеат кон него!
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
И никој тогај нема да помисли, никој да поверува дека некој го следел нивното вљубување и го запишал: неговото писмо ќе биде прекрасниот килибар кој ќе блесне на градите на идните девојки.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Помолча пак отец Иларион, и кога виде дека сите гледаат во него чекајќи да продолжи, рече: - Душата човекова се разликува од животните и по тоа што таа прави дела; што управува со сопственото тело; што знае дека телото ѝ е привремено боравиште; што е разумна и знае дека е од бога и во бога ќе се врати; што знае дека ако биде грешна - ќе замине мрачна и темна, а ако биде безгрешна - ќе замине чиста и светла; што знае (како што вели свети Андреј Јуродив) дека сразмерно на делата што ги направила, така и ќе свети: некоја како сонце, некоја како месечина, некоја како пламен, некоја како молња, некоја како камен скапоцен, некоја како килибар, некоја како цвет, некоја како волна, некоја како сребро, некоја како чисто злато.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
А, камчево личи на килибар, една смола, многу скапа и ценета, од која се изработуваат украси за прстени, ѓердани и друг накит.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Пријателот на Исмет чајот лично ни го послужи во стаклени чаши. Има боја на топен килибар.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Таа ноќ месечината имаше боја на топол и светлив килибар и без престан се огледуваше во нашите очи вковани во бескрајот на ѕвезденото небо.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)