килер (м.)
Внатре беше полутемнина: пак (по вторпат тој ден) бевме влегле во некаков килер, во просторијата што служела за оставање непотребни нешта.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
„Денес тие дебели капиталисти не се стеснуваат да тврдат дека било насилство и грев претресувањето на нивните визби и килери, а додека се богатеа…“ се перчеше тој.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Човек ќе си завитка некое помнење во главата а потоа живее и верува дека завитканото е во онаа состојба во која го оставил во килерот на сеќавањето.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Многу од нив ќе останат заточени во небесните дворови, во килерот на вечниот молк.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во сивата светлина што во килерот влегуваше низ тесното прозорче, генералот го позна едниот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)