касела (ж.)
Се прибра малку Невена, си ја потсобра душата, ја отвори каселата, ја облече невестинската руба, си ги облече невестинските чевличиња, си го стави невестинското венче, си го подзасолни тажното лице со велот, си ги затвори очите, ја свитка прозрачната става, прилегна до ковчегот со даровите и веќе не се крена.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
На сите платна беше исликан ентериерот на Сарајот, долапите и мусандрите, вратите и таваните, џамовите со тешки пердиња, ковчезите и каселите, ибриците и мангалите, килимите со необични шари-арабески.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Мајка му, исто така сериозна и уште повеќе надмена, која како невеста си ја донела секогаш заклучената касела (од која кога ќе ѝ се подигнеше капакот избиваше еден стар и тежок здив на нафталин) и по сите килими во куќата не оставаше да се стапне со чевол, ами со чисти чорапи на измиени нозе.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Тоа е мојата касела, - му се пофали девојката на Пискулиева.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Во такви касели порано невестите ја токмеле својата руба, ги има во секоја наша куќа, но сега веќе се излезени од модата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Два кревета беа наместени во аглите, до другиот ѕид касела, на среде тркалезно масиче, на кое стоеше албум со слики.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)