касарна (ж.)
До еврејскиот крај стасавме брзо. Улица под старите касарни Кале стисната со груби и стари куќи - тоа ни беше целта.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Бино собира војници и ги испраќа во Прилеп, но тие за една две вечери ја напуштаа касарната и се присоединуваа со Јовановата и Ѓуруковата чета.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Просторот на земјата, што ја бранеа, не беше поширок од десетина километри, државата беше капитулирана, додека тие ја освојуваа Албанија, сѐ дури некој не им јави дека Германците се наоѓаат веќе во нивните касарни во гратчето, каде што беше нивниот гарнизон.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Касарнската дисциплина беше попуштила, исто онака како што попуштаат обрачите на бочва од туршија, кога ќе стои на сонце.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Јандро не можејќи да ја преболи смртта на сина си Дуке, отиде во Кучешката касарна и со пиштол почна да ги тепа кучињата. Ги тепаше сѐ дури и него војниците не го отепаа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Дресирањето предизикуваше големо интересирање и љубопитство кај луѓето кои постојано одеа кај „Кучешката касарна“.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тој настан го потресе селото и никој повеќе не отиде на Кучешката касарна.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
имаше еден безбожник којшто призна дека кога му било најтешко, пак, на небото му се помолил, пак верувал дека нема господ, ама друг и немало до него и устата сама му се отворила да го моли господ, оти тогаш може да ти помогне само тоа што не е до тебе, тоа што не го гледаш, што не го познаваш, што не си го сретнал, господ мора да е и овдека и онаму, вели Илија Јованов, господ мора да е насекаде и затоа не можеме да го видиме и тогаш пак го гледаме офицерот, се враќа: дали сте биле војници, прашува, не, не сме биле, кажуваме, е отсега ќе бидете, вели, смртната казна ви ја заменувам со казна на прва борбена линија, вели, ќе потпишете дека доброволно се јавувате, ќе потпишеме, велиме, како не ќе потпишеме, таму барем може и да преживеете, вели, е ти благодариме, господине, велиме, ти отсега си ни господ, велиме, и одиме му ги бацуваме рацете, колената, чизмите, не бацувајте ме мене, туку потпишете овдека, ни вели, имате штастие, имаме, велиме, и среќа и штастие имаме, сигурно дека е пијан, си мислиме и нѐ одведоа во некоја касарна, ни дадоа алишта и плачките ни ги вратија после пак ни ги зедоа, ама тогаш ни ги вратија, само парите не ги вратија, пари не ви требаат, велат, оти одиме на фронт кон Турција или во Македонија. 122
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Направија нешто како касарни и донесоа војска во нив, но не смогнаа сили и да останат долго таму.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Умрела, незабележано, додека седела во сенката на воловите кои Ѓоре ги придржувал на џадето пред портата на касарната.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Стражарот кој старжарел на портата на касарната, бугарски часовој, кога дошол за да ја претресе колата, која ја видел бомбата, се исплашил силно и трипати едноподруго пукнал во воздух.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На еден крај од дворот, пред касарната, гори светло.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Едни се сместивме во касарната, други по куќите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
25. Нѐ затвораат во касарната на Демократската армија, а Филип Хаџиевски ќе рече: — Мајката, овие прописно нѐ затворија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Доверливо му пришепнале на попот дека бригадата ќе почне да го чисти со огнена метла градот, од сивите германски касарни на Кале кон плоштадот под камениот вардарски мост, којзнае од кој ден запоседнуван од лажно сакати просјаци и секакви измамници и безработници со очи на кондори.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Само тврдината, завикана Кале уште од отоманското време, кога служеше како голема воена касарна, беше симбол на исчезнатите империи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Само Калето опстојуваше во времето, макар и тоа растресено и осакатено од земјотресот, со разурнатите жолти касарни во кои, на крајот, беше сместен Музејот на Револуцијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И војската беше повлечена во касарните. Нејзиниот главен дел беше сместен околу Калето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Речиси сите манастири беа разурнати или беа преобратени во воени касарни.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Уште еднаш отидовме во касарната, а мене умот ми се вртеше, не можев да одам како што треба.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)