кани (св. и несв.)
Деветъ си сестри канило, Десета сестра не кани, Десета сестра коприна.
„Мисли за болгарскїй-отъ ѧзикъ“
од Партениј Зографски
(1858)
Канејќи нѐ бочвата сите на свадбена вечер — врие од виното таа.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Си каниле некоја куќа сватови кај Божина и чекаат во неделата да им дојдат сватовите со зетот за да ја земат Босилка.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
КОСТАДИН: На свадба со пари се кани!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Подобро жива да ти се нарадувам. Инаку на гробишта двајцата ќе нѐ каниш...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Сега ќе се женам и на свадба ќе те канам. Ама да ми дојдеш!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
— Бујрум, бег, бујрум, повелете! — ги кани Лесната на прагот од својата ниска куќичка и вика по сина си Стојана да запали борина, оти веќе и мракот падна.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
По добрата вечера и уште подоброто пиење, за кое време Пере постојано ги канеше сватовчините со познатите негови зборови: „Повелете, браќа, како во своја куќа, од своја мака!“ — зетот Крсте ја наду и гајдата од Перета, која секогаш беше готова да проквичи, штом ќе дојдеше некое весело друштво.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Бино пак го покани сега нему да му се предаде како пред дванаесет тринаесет години што го канеше да му се предаде на мудурот, бидејќи сега тој седеше на тој стол, но тоа само го налути Јована, та за инает на Бина реши да се предаде, но не нему, ами направо на окружниот началник во Битола.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ме кани пак да живееме заедно само јас не можам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Те каниме на мал излет.“ Се насмеа. Ведро поколение.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Не пијам. Можеме и овде да разговараме.“ Се насмеа: „Не мислев никаде да ве канам.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Големците во гратчето одвај ја поздравуваа, нивните жени не ја канеа на журеви.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Шефот Џемал- ага, е задоволен од неговата штедрост. На чај го кани.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Бидејќи беше пладне, оџите на минарињата викаа и ги канеа верниците на молитва.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Споулавен цртеж Сѐ се канам, сѐ се канам, кон твоето око свртен, да ти кажам што сѐ стана на некаков детски цртеж...
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
И старата бука го избрка, и ниските грмушки кои често го канеа да се лулее на нивните гранки го избркаа.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Кога се правеше гробот, кога ќе почнеа темелите да му се копаат, да се поставуваат темелници на споменикот, се канеа сите блиски и роднини на покојникот, како куќа да се прави: се колеше јагне или овен, се редеше главата во темелникот, се правеше ручек, се викаше попот, и тука заедно со мајсторите се јадеше, се пиеше; пред тоа, попот Матлија со крстена водица ќе го осветеше гробот, ќе му пееше молитва, ќе фрлаше поглед на плочите и камењата стокмени за споменикот, ќе ги пофалеше мајсторите што ги делкале, домаќинот што стокмил пари за споменикот, а потоа, сиот измастен од месото што го дрпаше, го поземаше бинлакот со вино и долго го држеше на устата како да го подува.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И бабари не поминаа. Немаше ни кој да го разгази снегот, ни зошто да го разгазува. Остана само ״фати глувче за опавче, фрли го во јазон и кани му од газон“ .
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
По ослободувањето на Битола, на една игранка во Офицерскиот дом, сите да ме канат, а јас да не знам да одбијам, да запрам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)