канарка ж.

канарка (ж.)

Кога останавме само Роско и јас, почувствував колку беше убава песната на канарецот.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Во собата продираа најразлични звуци: од тоалетот наутро се слушаше гргорењето на неговото порцеланско грло, од покривот лекото роморење на дождовните капки, од таванот итрото глувче што трча меѓу тајните прегради, а од под скалилата појот на канарката во нејзиниот кафез.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во салонот, пред да влезат родителите, брзо го отвори кафезот, ја протна раката и ја погали жолтата канарка, само еднаш. Потоа го затвори кафезот и застана, чекајќи. 24
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во неговата нема глувина тропоти само срцето на Невена, како срце на исплашена канарка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ги нема ни мравките, ни канарките, ни гугутките, ни светулките; лелек, смрад и гад.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Велеше дека дење, напладне гледа пламени на небото кои паѓаат како ѕвезди опашести, и оти тие на земјата се претвораат во стебленца светлина што не може секој да ги види, и дека околу тие стебленца се слуша чурлик на канарки кој не може секој да го чуе.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)