калпак м.

калпак (м.)

Во појасот тој стави пиштоли, на колкот јатаган и на главата кожениот калпак на деда Гера, којшто го поклопи до под носот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Со опинци и бели објала испрекрстено опашани со ремење, со пиштоли на појас и со реденици фишеци на крстот ставени преку градите, со брада до појас, обраснат, со каплак на главата, со пушка во левата рака и со гуна преку рамената. – Добро утро, добри луѓе- рече тој гласно.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Салко Вадидуша го бутна земјеното луле во подарениот појас, Борис Калпак без разбирање погледна во мене како во соблазнител.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Крвавораките Борис Калпак и Наџак-Јанко пошле по него да му помогнат околу запрегата на мртвите. - Прости и ти, Василе, рекол некој од нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дојде и Куно Бунгур. „Слатка им е ракијата. Борис Калпак не ја пушта абердарката од раце. Појди, опамети го.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се тркалаат на една страна отсечени глави и на друга шајкачи, кечиња, калпаци, шубари, пискули, фесови, чалми, козирки. Сини, бели, сиви, црни, црвени, бели...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ја повторија песната на старчето со калпак од лучунка и со ракче во брадата.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На главата имаше калпак од рибји личунки.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Додека младите турски јунаци шетаа пред неговиот дуќан со кренат нос - и да им падне, велеше народот, немаше да се наведнат да си го земат - носејќи на главите од црвена саја-чоја самурови или кожени калпаци, тој се смешкаше, зашто знаеше дека не само што не е подолу од нив, туку и дека нивната напрченост е само несигурна сестра на суетата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)