калеми (несв.)
И да им се врзува јажица, вели, да се калемат, и да се требат од вошки и од седела со јајца на гасеници...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Таа зима се погоди многу лоша, Дали дека војната беше лоша и зимата стана лоша. Знаеш, едно зло на друго се калеми, се врзува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Калемев туѓи горници, окапував туѓа пченка.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Во тој процес на ‘калемење’ на вештачкото врз физичкото тело (нешто како Робокап) свеста сепак некако ќе опстане.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Зарем не е тоа како да калемиш авокадо на македонска черешна, праша.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А си ја сакаше својата работа како што си ја сакаше својата градина - осигурувањето на работниците, како и калемењето на дивините.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- На многу убаво место е никнато дрвцето, добра сенка ќе држи, за мила убавина, - мечтаеше стариот. - Како мислиш, Стојче, да го калемиш?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Дојде и денот да се калеми крувчето. Пискулиев донесе лико и восок.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Скоро во секој од овие вечерни разговори се повторува, покрај другото, и оваа реплика:
- Стојче, здравје боже - вели стариот - на пролет ќе ми го калемиш крувчено.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)