итроштина ж.

итроштина (ж.)

– „Ба, братко, колку за тоа така си е, му рекле друзите на стареата, нека е жив Силјан, многу итроштиње научил дури шетал по туѓи земји, да од тоа ќе знае и приказни што чул да ни каже и да нѐ чуди.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Пишувајќи за животот на Делчев, писателот користи и повеќе познати анегдоти и духовити досетки низ кои се открива итроштината и неустрашливоста: излегувањето од опколениот град како мртовец, влегувањето во Солун кога е преправен во селанец чија кошница е полна со велигденски јајца, па како главен инженер за изградба на патишта, чуден трговец, или пак сцената кога седи и пие кафе со главниот скопски дервиш.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Не, братче, неговите итроштини не ме загрижуваат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И како и секој споулавеник што од дните на разумни расудувања крие во себе итроштини кои го бранат и му даваат сила во некои часови, смерно се наведнал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со војувачка итроштина замавнал кон темето на соговорникот. На луѓето им се згрутчил здивот в душник. Но другиот ја очекувал опасноста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во својата итроштина жените биле обземени од чувство на победа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)