исходиште ср.

исходиште (ср.)

Не блескав нож ја воздигна неа на небесата – туку јас, самиот, пресоздавајќи се во Бог, зашто праобликот е мое исходиште па – вината да ја искачам горе е само моја.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Тие значи мораат да бидат тешки за класифицирање веќе во своето исходиште.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Според авторот, идеологијата како идеелогија е секогаш поврзана со индоктринацијата, која како едно исходиште го има барањето на германската философија законите на духот да и се наметнат на природата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во формална смисла Кувер им припаѓа на експерименталистите, чиишто обиди се движат од познати исходишта, од мотиви на познати бајки, телевизијата или нумеричките илузии.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Денешната ширум светот застапена расправа за Модерната токму тука го наоѓа своето исходиште.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)