истом (прил.)
Нѐ натераа да чувствуваме исто како нив или не? И сигурно е така.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Фамилијата и куќата на Ризван бег од Ресна ми остана како куќа во која секогаш можев да влезам, кај Абди-паша од Монастир, исто така.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Читателите се исто така задоволени: поттикнати од колумните, цитираат, дискутираат, полемизираат...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И сите велеа едно исто: вакви пастрмки, јагули, летници, костреши и крапови, толку вкусни, нема никаде на светов.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Но луѓето како Петре и така немаат повеќе од една мисла во исто време.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)