истине св.

истине (св.)

Ама на Илка сонце му грее! Бркаданикот беше одамна готов и речиси истана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Па сега сум море каде пустош тлее и солза сум само в зеница истината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Ме свртеа кон ѕид и ми го истинаа тилот со студена револверска цевка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Аргир стоеше исправен над огинот. - Дедо Аргире, јадењето е готово... ќе истине...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Станал, дури кога бакнежот се исушил и истинал.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Кога човекот ќе истине, крвта испарува од него.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ме свртија кон ѕидот и ми го истинаа тилот со студена револверска цевка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Не ќе истинеш. Обиди се да се наместиш на коленици.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се грчел и се обидувал, згрбавен и сличен на голема желка фатена во круг на пламен да се извлече од својата несреќа и да ја види крвта на душманот пред неговата да истине во жедните пори на збрчканата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тепачите го накитиле со модрици но не му ја истинале крвта - ене го, сука мустаќ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На стемнетиот Онисифор Проказник му истинало срцето. Дери! Зборовите како да се однесувале на него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Готово, печено“, вели, го клава плехот врз шпоретот и го покрива со крпа малку да истине, потоа - знам - ќе го потури со шеќер во прав и ќе го сече на квадратчиња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На масата поставено: чаша веќе истинато млеко, две парчиња леб намачкани со мармалад од кајсии.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Жената помина со рака преку челото на мажот сѐ до длабокиот засек во косата и во дланката собра млака влага од пот која веќе истинуваше на него.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Вам лага, мене чиста вистина, ако не, коски да ми истинат, пцишта да ме искинат, орли да ме исколваат, вземи да ме закопат, да би да ме отрујат, далги да ме однесат, молњи да ме црносаат, гламји да ме гламјосаат...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Зголеми го растојанието, пламни од долгото гледање во истиот свет, овој свет од беглиот допир со стварноста - од нејзината развратност, од нејзината понорност од таа скривница во сударот со измисленото од таа родна куќа, тој нерешлив спор меѓу сонот и јавето – побегни толку далеку што да истинеш од желба да се вратиш, оддалечи се толку многу што да немаш кога, што да немаш младост да се вратиш.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Специфичен вид стварност.  Леглото истинува. Добива изгореници од студ. Озрачен вишок - осиромашен ураниум.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)