истакне св.

истакне (св.)

Во тешка, неразбирлива и неполезна себичност, тие сакаа да се допаднат некому и секогаш се истакнуваа со нешто случајно и смешно што кај мене подоцна предизвика нејасен презир и гомарни сомневања.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тревогата неусетно му го полни срцето со порив да се покаже, да се истакне, да го видат и чујат еднаш и него. Трубачот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Една реченица, прочитана развлечено и со издолжени паузи меѓу зборовите, го истакнуваше интересниот факт дека луѓето што станале против законот се млади луѓе, скоро деца.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За покажаната храброст курирчето Трајче Таневски се пофалува и се истакнува за пример како треба да се бори секој за татковината!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Употребени се сите градежни материјали со кои се располагало за што подобро да се истакнат шарките и украсите на куќата, да се уочи бордурата, фризот, симсот под стреата, цолбанките над прозорците и вратите што претставуваат прекрасна орнаментика, вез, разграната лоза, муренкови лисја, трендафили, леси, плетенки дворедни, троредни, гулаби доближани со клуновите, пауни, еленчиња, риби, сонце.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Филмот беше така изрежиран што, напоредно со страотиите на војните, на преден план се истакнуваше големината на француската војска која врз себе го понела товарот на војната...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Второ: сакам да истакнам дека во песните на поетот Антиќ е даден одговор на многу нејасни прашања што децата си ги поставуваат кога ќе почувствуваат дека се менуваат, дека нешто врие во нив, дека нешто ново, непознато, таинствено се случува со нив.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
1 Во својот поговор 1 раскажувачкото творештво на Живко Чинго (поговор) стр.138 кон избраните раскази на Чинго, Петар Бошковски, доаѓајќи кон поентата на своето разгледување, го истакнува тој квалитет на прозата на Чинго: „Не знам колку може да важи за општо правило дека литературата треба да се чита на глас, но во случајот на прозата на Чинго таквиот начин на контактирање може да се земе како пример на совпадливост.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Оној што во тоа беше најагилен, што најмногу се истакнуваше можеше да стане командир на одделение, одговорен на секција, дежурен во кујната, надгледувач, можеше да биде меѓу првите при јадењето (што не беше малку важно), - со еден збор таквите другари во сѐ предначеа, беа наградувани, привилегирани.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Шетаат низ урнатините и водичот им покажува и објаснува: „Ова е главниот плоштад - Форум, ова се киповите на Јупитер, Јунона и Минерва; овдека се остатоците од храмот на Аполо, овде пазарот, градските бањи, а ваму крај брегот на рекава, театрите и големиот амфитеатар на кој присуствувале и по дваесет и пет илјади гледачи за да ги гледаат борбите на гладијаторите; на оваа страна имало убави куќи и вили меѓу кои се истакнувала вилата на Цицерон; по должината на оваа улица биле крчмите во кои се пиело и веселело...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сите овие лица се предани на делото, некои од нив веќе се истакнале на книжевно поле, други како учители, а меѓу нив има и такви кои многу работеле на изгонувањето на фанариотите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ми се стори дека тој брз здив на некого што не е веќе меѓу нас дојде за да ги отстрани сите сомневања и прашања дали е тоа она: валчестолика и млада со положени раце в скут, на градите, помеѓу два брега на женскост, сребрен крст и цвеќе, најверојатно китка лилави бел алисум; рамениците се паднати, од едното се цеди сончева светлост за да истакне во заднината некакво зимзелено дрво но толку малецко за да може да биде она џуџе на Едвард Жорес.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— Но тој повторно го истакна предлогот за брак со тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А како доказ го истакна претходното решение на второстепениот суд во кое се вели дека увидот, испитувањето на тлото на куќата, треба да го извршат стручни лица или установа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од што се плашеле? Бездруго од платеници на суробрадиот Али-бег што не признавал друго воденичарско господарство освен своето: па дури и на оние благолики Турци, наргиличари со среќна насмевка на алахови почитатели што не ја одобрувале неговата алчност, бегот можел да им се одмазди на некој начин; во својот долап со изрезбани арабески во дабово дрво имал пергамент за дедовски и татковски и свои заслуги во кој, со милосливост на султанот Махмуд Втори, се барало од граѓанските и воените власти да му бидат секогаш при рака, не додавајќи ги кон сето тоа легендите за неговите браќа што се истакнале во ликвидирањето на побеснетите јаничари и крџалии и пријателството што го врзувало со секакви мутеселими, кадии, кајмаками, шејови, заслужни бегови; се знаело дека во еден спор и самиот валија, државник и поет и исто толку почитатели на поетите Зати, Фузули, Наби, Вејси, набожно ги допрел со набожниот султански ферман градите, усните и челото и го прогласил неговиот стопан за доживотен праведник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пролетта стаса нова вест дека Франција го менува својот став и дека до Конференцијата на амбасадорите доставила нота во која истакнува дека причините што ги наведува Кралството на СХС се такви што треба да се земаат во предвид зашто во правниот јазик: изразот „до“ - зад кој следува име на место - имплицира дека тоа место е исклучено.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ти и твоите рокери многу повеќе го истакнувате првото лице множина! - И тоа ти пречи?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Макар што дејствието на романот е ситуирано во бизарното „време на козите“, раскажувачот од големите автобиографски залихи на искуства истакнува дека тоа раздобје претставува слика на изгубениот „детски рај” и „крај на најубавото време на светот”, со чиј лирски и критички опис се обидел да му ја придружи на пишувањето "историјата на вистината” на еден облик на тоталитаризмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Овде би требало да се истакне дека војната во Босна предизвика нови крвави ликвидации на козите. Но, сепак, има и преживеани.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Можев да изберам дваесет предмети на час“, истакнуваше Дишан, „но тоа би завршило со нивното зближување, а тоа не го сакав. Луѓето сигурно на крајот ја наоѓаат сличноста“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе