испцуе (св.)
„Нека ме испцуе, ако сака и нека ме избрка, вечерва има да се реши ќе станам ли мајстор или не.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Бахтијар остана замајан од неуспехот. Ги испцу своите бимбашии, јузбашии, милазими и други нему потчинети офицери, та место да тргне утредента да ги гони востаниците, тој се зафати со пренесување на ранетите и закопувањето на истепаните двесте души аскер.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ненадеен здив на попладневен ветар го смекна да не пламне, да не ја испцуе жената, навидум старица, иако постара од него само неколку години. Така е, само луѓето, тие и ништо повеќе, можеа да бидат грешка на природата, зло, свое и нејзино.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се скара со селските комунисти околу демократијата, дали е тоа бескрајна цел или орудие за стабилизазија на човековата свест, ги испцу и им рече дека се улави.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Можеби сакал да ги смири, да ги испцуе или да им се закани дека ќе се пресмета со нив доколку не се смират.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)