испоти св.

испоти (св.)

Храно велам хранете се испотени и влажни од топла пареа што се цеди од колковите на ноќта Игриво зањискајте да вриснеш скокни ти птицо со заборавените крила козјонога танчарко кобило преуморена преку овој прозорец да скокнеме заедно и во него пак и секогаш без запирање по сенестата ведрина на просторот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Се испотив леба ми, та алиштата ми се залепија за телото.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Долго патуваше, се испоти од напорно и брзо влечење, но најпосле се довлечка до самата вода.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Напред, пред гостите и домаќините, одеа ергените, пред нив чупите, а пред нив, сам, свирачот; чупите пееја: Фрли го, лудо, шеширот, оти е место нагорно, оти ќе се лудо испотиш, Ихиии!... а ергените одговараа, исто на шака: Фрли го, Досто, опрегачот, оти е место каменливо, оти ќе се, Досто, засопнеш, Ихууу!...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Отвори ги ноќвите, растури ги! Земи јавај коњи и магариња. Испоти ги! Понижи ги!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Откако ги изнатрча и испоти, Геро ги пикна во езерото да ги олади и отрезни.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не се потам веќе. Кој знае од кога не сум се испотил. Тоа е добро.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ама какво ќе е тоа машко дете: топка да не игра, да не се испоти, да не се напие вода кога му се пие, да не се тепа со децата од другата зграда, никогаш да не заталка со другарите, никогаш да не направи никаква беља - и уште колку пати сѐ некакви - не... не... не...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Не трчај - да не се испотиш! - Ако случајно се испотиш - не пиј вода - да не настинеш!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На ред бев јас. Дланките ми се испотија.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога седна во клупата и часот почна, веќе и под мишките се имаше испотено.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сигурно пак смрдам, си помисли. Додека сум одела на училиште сум се испотила, дезодорансот изветреал и јас пак лошо мирисам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се повлеков, далеку од разгласот, од подиумот, од прасињата што со јаболка ги шетаат низ салата. Сватовите, сите убаво се испотија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)