инфицира св. и несв.
инфицираност ж.

инфицира (св. и несв.)

Бев инфициран со енергија од вампирско револуционерен карактер.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
* Погледот намачкан со хоризонти, тишината ветена од ветерот. Врвот на планината изгорен (за да не го инфицира небото).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
„Употребувај топични преврски. Бацитрацин. Неоспорин. Едно ќе ти кажам: ако е толку инфицирана како што ми звучи, ќе ти треба третман со орални антибиотици. Можеби дури и интрамускуларни.“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Речиси веднаш ногата почна да му пулсира. Беше топла. Веќе е инфицирана, заклучи тој.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Андерграунд уметникот не е инфициран од трикот на мудреците да им биде записничар ниту го интересира да биде апологет на нечија тиранска биографија.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Да можеше да ги инфицира сите нив со лепра или со сифилис, со колку големо задоволство ќе го стореше тоа !
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„За Клемперер“, вели авторот на критичкиот осврт Перковиќ, „јазикот е медиум со кој се инфицира злото откако некој смислено и намерно ќе го затрови.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)