инфекција (ж.)
Аргументите на овој напис одат до таму што говорат дека инфекцијата со ХИВ не мора да заврши со СИДА, но стилот на живеење кој во себе ја вклучува употребата на вакви дроги и поминување на цели викенди во играње го слабее имунолошкиот систем.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Истата вечер проучувачот на природата умре поради инфекција.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Набрзо по враќањето во Берлин, умира на 6 јули 1959. George Grosz, 1917 (фрагмент од писмо) Јас со поглед потполно продирам и таа работа за мене се единствените емоции (треперлива возбуда, бучниот уличен фронт на хартија!, или, ах!, вртење на ѕвезденото небо над црвената глава, електрично место на сликата, ѕвонат телефони, породилни врисоци, додека челичните ножеви мирољубиво дремат во запурноста на џебовите на подведувачите - а исто така и лавиринти од огледала, нивната улична волшебна градина! каде што Кирка ги претвора луѓето во крмаци, комичен тиролски шешир со перце, или rumms-tumm-tidle-walk во Патепон, каде што слушателот се фаќа за уво и музика од грамофон, палми од лаѓите со коишто продолжуваш, или песни на штитовите, или златниот штит, коло од букви - а вински црвеното, ноќите што локаат вино, во кои месечината е блиску до инфекцијата и до запцуениот кочијаш и каде што во прашливиот подрум се случува убиство со давење), ох, емоциите на големите градови! George Grosz, 1924 За да достигнам до стилот којшто... ја одразува нескриената суровост и немилосрдност на моите објекти, ги проучував драстичните манифестации на уметничкиот нагон.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Вшприцувањето дава најдобри резултати, но доста е незгодно, бидејќи секогаш постои опасност од инфекција.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Не знам што беше причината, дали грижата за неа или што ја бацував кога низ устата ѝ течеше крвава пена, можеби беше некоја инфекција.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
И тогаш сосема смирено рече дека болката, на која се жалеше пациентката, може да е резултат на некоја внатрешна инфекција.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Таа неплодност е сигурно последица на некоја инфекција или висока температура на која не било обрнато внимание.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)