интерактивен (прид.)
Но зборот „интерактивен“ е погрешен, бидејќи компјутерските програми промовираат пасивен однос кон јазикот.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ова ни сугерира дека на оваа конференција може да се соберат луѓе кои спроведувањето на терапијата го гледаат како разговорна активност; интерактивна, конструктивна активност: терапијата опишана како разговор.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
За разлика од печатениот текст со едносмерното движење во правецот на вртењето на страниците, хипертекстот е радикално различна технологија, интерактивна и повеќегласна, која го фаворизира плурализмот на дискурсите пред дефинитивното фиксирање на текстот.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Во заслепувачки блесок на инспирација, сфатив дека овој израз „интерактивен“ е погрешен.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Уметниците што работат со виртуелните машини, при конципирањето на своите дела го земаат предвид и начелото на интерактивност во смисла на кибернетичка врска меѓу делото и неговиот примател и која што при одредени рамки влегува во мрежи (net working).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Доаѓа цела генерација вешта во користењето на интерактивни орудија, таа мигрира во светот на виртуалната реалност, каде што може да ги развие своите соништа и игри на фантазијата.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Денешниот човек секојдневно удира по тастатурата, синтетизира сликовни пејсажи на екранот, воспоставува врски преку различни интерактивни мрежи и исто така навлегува во телематското друштво на теле-присутноста, каде што неговото секојдневно делување е стилизирано и демонстрирано. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 39
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Кој ја засновал ВР? Многу луѓе. Ivan Sutherland, еден од пионерите на компјутерската графика, изработи екран со интерактивна графика, што си го ставаш на глава, уште во 1968.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Во Кругеровото видео окружување, луѓето во одвоени соби стапуваат во интерактивен однос.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Импликациите се длабоки и благовремени. Политиките се интерактивни.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Со видео игрите, интерактивните медии, купувањето од дома, луѓето се ставени во ситуација и дури развиваат и тактилни вештини да работат за заработувачка од далечина.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
По насловната фаза, која ви дава кратко објаснување на Југословенскиот конфликт, се пристигнува во интерактивниот мод, што се состои од три нивоа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во таа смисла уметноста која би се развивала во сајбер просторот, то ест во виртуелната реалност, би се соочила со истите оние проблеми со кои се соочуваше и уметноста на пештерскиот човек и уметноста на сите генерации по него заклучно со нашата генерација, а тоа е идејниот контекст, стилскиот и амбиентален дизајн, референцијалната потенција, интерактивната стратегија итн.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Порнографијата со својата дословност и занимавањето за сексуалниот ефект (еден од најстарите примери за интерактивен однос меѓу гледачот и изведувачот) му се заканува на митот за симболичката форма и естетската дистанца на уметноста.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Декартовиот обид да го разреши интерактивниот однос на духот и телото добива форма на паралелизам.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Дијалог со културата и цивилизацијата е потребен пред сѐ, со цел да се унапреди човековата спремност, неговата способност и самодоверба, заради креирање на неизвесноста на сопствената иднина со интерактивна комуникација, осигурување на раст и креирање на културно- цивилизациски развој! Решението на загатката е токму ова!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Се работи за еден интерактивен процес, кој влијае врз колективната и индивидуалната свест на луѓето кои, иако не се во состојба сами да создаваат културни институции, учествуваат во нив испраќајќи пораки и симболи.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)