интензивира св. и несв.

интензивира (св. и несв.)

На тој начин дрогата можеби го интензивира духовниот живот на уметникот за одредено време, но во значајна мерка и го скратува.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Болеста кај Томо се интензивира. Карциномот галопирачки се шири.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За да се интензивира процесот, докторите постојано ја клукаа со хормонска терапија која го изобличуваше нејзиното тело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)