империјалистички (прид.)
(...) Под закрилата на филозофијата на деколонизацијата, поимот на културата кој беше заштитен знак на империјалистичкиот Запад се сврте против самиот Запад и јасно ги именува општествата на кои овој им го наметнуваше своето старателство.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ние кренавме наш Кинески ѕид на Балканот, со кој ќе се гордеат идните генерации, спасени од империјалистичките апетити на нашите непријатели.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Доказите дека ова уверување е одраз единствено на империјалистичкото владеење на Западот можат добро да се видат во фактот што, после 1925, актот на примена на означувач беше развиен и следен најмногу во пет западни земји.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тие се сите во дослух со империјалистичките газди...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Притоа тој посебно се осврнал на опасноста која им се заканувала на народите на Југославија олицетворена во „шовинистичко- сепаратистичките тенденции што се покажувале во разните делови на нашата земја“, а со една единствена цел да се ослаби „една моќна, една голема Југославија која била важен фактор на Балканот, во Средна Европа, која би била заштитник на славјанството на Балканот која би била моќна пречка на секој империјалистички чекор на Балканот“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Нејасното мислење за слободата, според него, добило конкретизирање со тоа што балканските нации „сакаат да ги тргнат народите и земјите на Балканот од дофатот и меѓусебното дејствување на империјалистичките сили, независно дали се од Оската или не“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)