имотен прид.

имотен (прид.)

Ги познаваше сите и по имотност и по карактер; го знаеше кој е дарежлив, кој скржав, инаетчија, зајадлив, намќор, ситничар кој бара влакно во јајцето; кој е кротичок, мирен, душа, кој не гази ни на мравка, кој од претерана добрина страда.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се искачи до последната наша нива и ливада, дури до оние горе в планина кои не се зарегистрирани во никаков имотен лист.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дека семејството некогаш било имотно и дека по Војната се случило она што го споменуваше брат ми, се разбира, и јас имав слушнато, но никогаш не сум се соочил со потребата подлабоко да ги разјаснувам тие нешта, како што се соочив сега.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој во одговорот не покажуваше никакво посебно интересирање во врска со овие нешта, но сепак спомна дека имал чуено оти татко му на дедо Стефан се викал Митре и дека бил имотен, бидејќи, како што пишуваше, неговиот татко и, особено, дедо му, биле уште позафатени.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И со својата постојана грижа за земните работи, со своето внимание кон него, со телото и со душата своја, таа го осветува, оти само преку неа тој е весел во својата тага и имотен во својата беда.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Новина е и воведувањето на антидискриминациска одредба согласно која работодавачот, при вработување или работа на странец, не смее да го стави барателот на вработувањето, односно работникот во нееднаква положба заради расата, бојата на кожата, полот, возраста, здравствената состојба, односно инвалидноста, религиозното, политичкото или друго убедување, членување во синдикатите, националното или социјалното потекло, статусот на семејството, имотната состојба, половата насоченост или заради други лични околности (чл. 4).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
По крајот на студирањето женската провинцијалка гледа да се упика за имотен „скопјанец” и по 10 години да се прогласи за стара скопјанка, а машкиот провинцијалец го наоѓа својот роднината од својот роден крај, односно „стариот скопјанец” кој пред 20 години се населил од село во Скопје, но преку дудлање станал директор или шеф у некоја државна институција.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Странката е должна кон предлогот да поднесе уверение од надлежниот орган на државната управа за својата имотна состојба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Државниот правобранител на РМ и државните правобранители ги штитат имотните права и интереси на РМ и на државните органи основани со закон пред судовите и другите органи во земјата и странство (чл. 5, ЗДП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој што, застапувајќи ги имотните интереси на некое лице или грижејќи се за неговиот имот, нема да ја исполни својата должност или ќе ги злоупотреби дадените овластувања со намера да прибави имотна корист или да го оштети лицето чии имотни интереси ги застапува или за чиј имот се грижи – ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во чл. 3 се наведуваат основите по кои се забранува директна и индиректна дискриминација (пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба или која било друга основа која е предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор), а во чл.4 е дефинирана примената во областите кои овој закон ги покрива.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Амандманот XXXIX предвидува надлежност на Уставниот суд да решава по уставна тужба поднесена од физичко или од правно лице, изјавена против поединечен акт или дејствие на државен орган, единица на локалната самоуправа или носител на јавни овластувања со кои му се повредуваат слободите и правата на човекот и граѓанинот, и тоа: еднаквоста на граѓанинот во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското убедување, имотната и општествена положба, правото на живот, забраната за мачење, на нечовечко или понижувачко однесување, на казнување и на присилна работа, правото на слободата на човекот, правото на презумпција на невиност и фер судење, слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање, слободното основање на институции за јавно информирање, слободата и неповредливоста на писмата и на сите други облици на комуникација, сигурноста и тајноста на личните податоци, слободата на вероисповеста, слободата на здружување, правото на собирање и изразување јавен протест, почитувањето и заштитата на приватноста на личниот и семеен живот, на достоинството и угледот, неповредливоста на домот, како и правото на слободно движење, кога се исцрпени или не се предвидени други домашни редовни правни лекови за нивна заштита.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)