имагинација ж.

имагинација (ж.)

Сликата за поезијата има една посебна функција: се чини дека во изразниот комплекс најсилно од сѐ може да ја одрази имагинацијата на поетот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сето ова во најголем број случаи, поетот не мора да го знае но, тој го чувствува, тој тоа по една законитост, по силата на својот творечки инстинкт и имагинација го прави, го созадава.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Едноставно, потсвеста е таа што доживотно ќе ја прогонува личноста на поетот и ќе го возобновува архетипот, но никогаш, и покрај огромните напори, авторот нема да успее најпрецизно автентично да го репродуцира (за среќа!) туку осознавајќи го ќе го надградува со својата филозовска порака и имагинација.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Зарем и мојата имагинација, и човечето создадено од неа, и неговата потресна битка, не се всушност она надворешното, сосема неважното за што обликот ниту знае ниту му е важно да го знае?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Грижата на совест нараснува до самоуништување, јас морав да си признаам дека концептуалната имагинација произлегува од дното на немоќта и на наследната неплодност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како резултат на ова, терапевтот е во состојба да ги деконструира одговорите (вклучувајќи ги прашањата, коментарите, мислите), сместувајќи ги во контекст на своите лични искуства, имагинација и внатрешни состојби.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Пазарните стандарди исто така ја заробуваат имагинацијата на сиромашните; сите одбрани се поврзани со зголемувањето на потрошувачката моќ.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Децата не ја изневеруваат лесно својата вродена имагинација, љубопитност, фантазирање.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Урбаната имагинација ги прожима сите жанрови на современата книжевност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Запишаноста на градот во книжевниот текст, урбаната имагинација врежана во книжевните дела, го открива процесот на раѓање на урбаната поетика.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Затоа урбаната имагинација и урбофилијата имаат пресудна важност за усвојувањето на тековините на современата цивилизација и во обликувањето на самостојна култура.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Можеме да се потсмеваме на тоа како на неможно, измислица или имагинација.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Искушението станува големо за читателот: дали да се впушти во имагинацијата на еден автор, како и во перипетиите кога го водат во 1979 година во сталинистичка Албанија, на возраст од триесет и шест години, во составот на една културна делегација од Македонија?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Започнува темата на градбата на бункерите да ја поврзува со моќта на народот да се жртвува за повисоки цели, за разлика од жртвувањето односно заѕидувањето на живи луѓе, мајки со деца при градба на мостови, темели, тврдини, како што е пренесено од легендите, митските кажувања, како плод на суеверната имагинација.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ова му оди во прилог на оној дизајн во чијшто домен се сликовитоста и имагинацијата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Каква филигранска имагинација се исцртува низ превезот на настаните.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Во текот на одредени векови неговата (човекова) имагинација сесрдно ги внесе во живот сите оние попривлечни сили.“ (Џон Мејсфилд) 88.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ичијанаги пронајде неколку плодни начини својата музика да ја ослободи од недостатокот на својата имагинација.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Имагинацијата, тврди Ајнштајн, е позначајна од знаењето.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Така денес имаме состојба во која илјадници интелектуалци, креативни луѓе со високо развиена имагинација кои се најмени да смислуваат и измислуваат нешта за масовна употреба, да креираат потреби за нешта што вистински им се потребни на малкумина а по кои се лакомат особено оние на кои тие дури и не им требаат...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе