имагинарен прид.

имагинарен (прид.)

Ако воопшто постои дарба за прв допир ( прв допир и во нашата прва, и во нашата дваесетта, и во нашата педесетта година!) – дарбата го преобразува времето, ја возобновува и враќа возраста во зачеток, па како што времето не постои како некоја имагинерна и од материјата независна кондиција така и поезијата не постои надвор од времето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Таквиот пристап би претставувал крајна елементарност и отсусво на неопходна смисла за имагинерност.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Фигурата на таткото, ерудит и добар познавач на балканската историја, придонесува за пробив на романескното, на имагинарното на фикцијата низ уверливото раскажување и посебно кога целосно ќе се наложи козарот Чанга, чија сирова добра смисла и приврзаност за селскиот живот ќе придонесат тој да се здобие со амблематски ореол.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Цела една земја се претвори во енциклопедиско белевче и како Атлантида се пресели во речникот на имагинарните места, Dictionary of Imaginary Places.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Наместо тоа, наративната метафора вели дека индивидуите ги живеат своите животи преку приказни - приказните го обликуваат нивниот живот, тие имаат реални, не имагинарни, ефекти - и на тој начин му даваат структура на животот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како предизвик или имагинарна наука, единствено некоја патафизика на симулакрумот може да нѐ извлече од стратегијата на симулација на системот и да нѐ изведе од смртниот ќорсокак во кој тој нѐ затвара.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дефинирањето на ВР со телеприсуство угодно ги исклучува имагинарните светови на уметноста, математиката, и забавата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
ЗАКЛУЧОК Во миговите кога општествените граници се мошне реални и кога различните расистички демагози се загрижени да не ги пречекорат разни неповикани раселени и економски затирани индивидуи, се чини популарната култура со своето имагинарно пречекорување на границите како некаква лажна компензација, утеха.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бароуз опишува сликовити пејсажи, детализирани социологии на имагинарни племиња, халуцинантни градови, научно-фантастични млазови на топла пареа од сребрена сперма исшприцана од Венеријанските трансвестити со платиниумска кожа... И така натаму.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На бакрорезот на еден од раните маниристи кои од Фиренца се преселиле во Рим, Франческо Салватио (1510-1563), Триумфалниот поход на Пријап, одушевените Менади влечат еден огромен („анатомски-изолиран“) фалус, исправен во колата, низ имагинарен антички пејсаж.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таквото дело, во стварното тело на уметничката, заоѓа во имагинарната неутралност помеѓу субјектот и објектот во која го става гласот на преживеаниот којшто ја претставува болката на деструкцијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И така, во Атеистичкиот музеј во Скадар ми беше фрлена анатемата како на непоправлив неверник во сталинската идеологија на родната земја, ми се стеснуваше стапицата на некаков имагинарен реванш без реални причини.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го следев имагинарниот пат на јагулите. Излез мораше некаде да постои!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Беше во постојано очекување на некаква имагинарна пресуда која, во секој миг, можеше да се упати против него...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ние, во семејството, тешко можевме да ги следиме неговите имагинарни патувања, неговите бегства...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во имагинарниот свет, миличок, а за разлика од ова што го нарекуваат реалност, поетот нема никаква друга цензура освен онаа што самиот си ја наметнува.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој веќе имаше потреба да згазне на првото скалило од својата имагинарна скала.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Некои се бајаги грди, а некои пак се толку примамливи што веднаш се проектираш себеси на нив, опкружен со имагинарна шопска и небесно ладна жолта.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
На имагинарното стратегиско шаховско поле на судбината како да беа само двајца противници - Кисинџер и Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Границите се само замислени поделби, конструирани низ митовите, историските наративи и искуства, а заедниците чиј идентитет тие го конструираат исто така се имагинарни.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Повеќе