изостанок (м.)
Против решението на судот со кое се одлучува по барањето за одлагање на рочиштето, не е дозволена посебна жалба (чл. 108, ЗПП). 5. Процесноправниот институт „контумациона пресуда“ кај нас е регулирана во ЗПП под називот пресуда поради изостанок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, кога тужениот, во одговорот на тужбата, не го оспорил тужбеното барање, или нема да дојде на подготвителното рочиште до неговото заклучување, или на првото рочиште за главната расправа ако подготвително рочиште не е одржано или ако дојде на овие рочишта, но не сака да се впушти во расправање или се отстрани од рочиштето, а не го оспори тужбеното барање – ќе се донесе пресуда со која се усвојува тужбеното барање, ако се исполнети следниве услови, т.е. ако: 1) тужениот бил уредно повикан; 2) тужителот предложи донесување на пресуда поради изостанок; 3) тужениот одговорот на тужба или со друг поднесок не го оспорил тужбеното барање; 4) основаноста на тужбеното барање произлегува од фактите наведени во тужбата; 5) фактите врз кои се заснова тужбеното барање не се во спротивност со доказите што самиот тужител ги поднел или со факти што се општопознати и 6) не постојат општопознати околности од кои произлегува дека тужениот го спречиле оправдани причини да дојде на рочиштето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, нема да се донесе пресуда поради изостанок и кога таксативно се исполнети овие законски услови – доколку 192 судот најде дека се работи за барање со кое странките не можат да располагаат (чл. 320, ст.1-2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)