изнервира (св.)
(Изнервиран.) Остави го, ти се молам, пиштолот. Ти така несмасно ракуваш со него, што би можело и несакано да направиш нешто.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Често по тоа надметнување и надлажување ќе се изнервиравме па доаѓаше и до тепачки.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Сигурно ја прекинал. Можеби спиела. Можеби ја изнервирал.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Сеа се изнервирав! Дај од тоа ф’стаците.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
- Вчера ме изнервираа новинарскине гниди.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
- Ги протераа и циганите кои редовно си праеја пикник на пољанчето пред сегашната амбасада - се изнервира Кока колата.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
- Подобро е да молчиш, ќе речеше, оти пеејќи, ем ќе ги изнервираш оние што не сакајќи ќе те слушнат, ем самиот ќе се разочараш од фактот дека си дудук за музика.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тие денови имав работа во центар на градот и се изнервирав кога видов купишта споменици што се прават: „Онаму од кај што излегов… луѓето се лекуваат под ненормални услови, во никакви болници…
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)