изнемоштен (прид.)
МАНОИЛ: (Ја испушта пушката и паѓа изнемоштен) Оди си, ќе ослепам од твојот блесок!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Изнемоштен и очаен пашата се затвори во својот сарај и цели години не излезе оттаму.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но пред крајот на денот таа веќе сосем беше изнемоштена.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Познато е дека Истанбул е милионски град, со вонредно живописна панорама, со море кое завлегло во неговите пазуви, што широки и тесни улички и сокаци со мермерни куќи и облакодери и со дрвени куќарки, град кој лежи на два континента, каде што најрелјефно се оцртале европското и ориентот, град со џамии и цркви и еврејски синагоги, сараите на турските падишаси и султани, со споменици на едно блескаво богатство, на еден раскош и пропаѓање на една петвековна империја, која ја докрајчил стариот и изнемоштен старец - султанот Решад...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Како ќе крепиш толку тежина со твојата снага нејака, изнемоштена?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Оттаму, од најдлбокото, кикотејќи се, како со босилкови кивчиња ги гаѓала ослабеното срце и изнемоштената душа на седнатиот на брегот старец.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Изнемоштените ги пуштаме напред да го тераат добитокот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Ова е поради вас, вели и прета со сувите и изнемоштени раце.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се чувствував изнемоштен. Ловците веќе запрегнуваа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Обично ќе го прекинеше кога насетуваше дека смртта тропа на вратите од нашето семејство, готова да однесе некое од нас, изнемоштените деца.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Го чувствуваше грмењето на моторот низ своите изнемоштени нозе.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Бев изнемоштен до крајните граници на издржливоста.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ми зборуваше полугласно, но доволно јасно за да слушне и некој непознат од групата: - Да не си изнемоштен од напорното патување низ татковината?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Главно среќаваше поединци и изнемоштени жени и старци.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тоа е мислам и областа во која најтешко ќе се сложиме. Јас, стар и изнемоштен а вие толку млад!“
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тоа утро, кога првпат разговаравме за трагите што никогаш не можеш да ги забележиш овде, под Сина Скала, надвор врнеше дожд, јас не отидов на училиште, а денот беше сосема беззначаен бидејќи сиот беше собран во една парталава сива облека; потсетуваше на изнемоштен изѕемнат бедник; стоеше под стреата и тоа пред самиот прозорец.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Го разгледаа камениот иконостас, запалија свеќи, Миклош се крстеше и метанисуваше, и тогаш синот на Пајко го втренчи погледот на ѕидот, каде што беа претставени Волкашин и неговите два сина, од едната и од другата страна, како го крепат, небаре две крилја на неговата изнемоштена става.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ви пишувам бледен и изнемоштен
не толку од животот
колку од невидимата власт и сила.
Од мртвиот процес. Од безмугрието.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Некој е вишок
тензијата е последица од премногу сакање
ниски страсти, совпаѓања
а предметот на желбата еден и неделив
мистичниот копнеж по неделивоста
нѐ поврзува да учествуваме во с-подвижната драма
на свеста (coitus interruptus)
во одложувањето на кулминацијата
секој од нас цел го сака
цела ја сака
колку повеќе ја одлагаме драмата
толку повеќе е тука
приклештена габаритно
еуфорично распиштолена
по меките, лимфни, срамни и кршливи
пасажи на твојата, мојата или на неговата
психа, навидум силна налик на лунатик
хистеричен
порив да се биде роден
да се осети на свој грб
животот
сѐ недостатен, сѐ пожелуван
сѐ отповеќе, сѐ отпосле
сѐ притеснет
испустен или пренаселен
сѐ загрозен, заплашен, изнемоштен
од перипетии, пресврти и стресови
од иселеништва, делби и егзили
сѐ лишен од разврски
создава лажна, мелодраматична слика
- нема друг и никој не е сам -
- целоста е устрем
обичен, а врховен!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Збунетиот оџа те гледа без да зуцне, а ти изнемоштено прошепотуваш: „Добровечер... примате ли?“.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)