изнаплаче (св.)
Мислиш сега ќе брвне да плаче, да се изнаплаче.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Откако ќе се изнаплаче, се оддалечува, од луѓето, се крие некаде зад карпите, чепка меѓу камењата, собира некои тревки и корења, ги суши на сонце, а потоа, завиткани во парче весникарска хартија ги пуши.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И, којзнае кој ѓавол ќе им влезеше в глава, ќе се погледнеа како затвореници разделени со јаки железни шипки и со олкави солзи, ќе се изнаплачеа.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Се гушнаа. Се изнаплакаа. Баба Петра ѝ ги избакна очите уплакани.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Откако се изнаплака, почувстува дека во неа влегува некакво олеснување, небаре долго очекувано смирување...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)