измори св.

измори (св.)

Кога се изморивме и кога ни здодеа суровата игра, молкнавме наслушнувајќи дали ќе го чуеме стариот клисар.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Беше изморен, изнененаден, непријатно се чувствуваше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нешто во свеста се кине, прска во шушкави искри.тие трепетливи светулки се извишуваат нечујно, бавно, сигурно, и кога ќе се изморат на својот пат, паѓаат, умираат, покриваат се со пепел.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе се измори добриот дедо Спасе, ќе му се приспие но за да му угоди на внучето раскажува ли, раскажува...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Браќата преку ден беа зафатени со некаква работа, преку ноќ љубовницата им ги цедеше соковите и ги изморуваше оставајќи ги секогаш да `рчат и да се разбудуваат жедни и стуткани под своето ќебе...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Престануваше да се брани од комарци и се притајуваше, беше изморен од нејзината несоница и ненаситност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се измори. Кога ја плисна последната капка од познатите пцости, едниот рече: „Си напаѓал луѓе. Тоа е.“ Не издржа. „Оние бројки - луѓе!
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Се изморив, не можам веќе, - се брани дедо Спасе. - Уште една, само уште една! - моли Васко.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И,сега тој може да му одговори нему гласно и со намавнување, а потем бригадирот Језекил продолжува по разгазениот снег, со долгата пушка на повисокото рамо, додека тој во себе довикнува по него да излегува и тој понекогаш напред и да разгазува, да не го остави постојано да го цепи снегот само Претседателот, бидејќи тоа знае ѓаволски да измори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа препукна во него и тој сега мораше со нив да прави нешто, мораше да ги изгуби за едно извесно време, да ги изработи, да ги измори за да го остават мирен, па колку безмислено и да беше тоа пусто префрлање на камчиштата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Од говедар до цар - велеше скопскиот паша - ние сите се изморивме, но пак не можеме да го фатиме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Токму ни требаше. Се изморивме, ама добра касапница направивме.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се измори и почна грлото да му се суши за вода.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Евто го слече џамаданот и рече: - Ех, се изморивме!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И глеј, чекорите на мечката стануваат сѐ побавни, потивки. Се изморила, можеби, ќе си оди.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Затоа одеа колку што личеше пополека и не можеа да се пожалат дека се измориле.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Околу пладне, кога Бојан и дедо му изморени од жегата тргнаа кон стубелот да се исплискаат со студена вода, забрчи во долниот крај на Рамни Ливади.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Археологот и инженерот со тешка мака ја искачија Гола Глава, ги измори брзото одење, а им тежеа и годините.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Поради безрезултатноста, мислата за Брезница ги измори братучедите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И кучињата и момчето, изморени од тишината во која изгледаше дека се слуша само паѓањето на снегот, ги наострија ушите, фаќајќи се за тој ненадеен крик како за нешто многу интересно, нешто многу пожелно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе