издиши (св.)
А што пеит? Кого славит, Издихајќи с тежок стон? И за што он срце давит? Да разбудит нас от сон.
„Пeсни“
од Рајко Жинзифов
(1863)
Подигна Каме клепките, в очи му солза назреа, издиши гради, разниша, почна ко старец да реди: - Стојане, братко, Стојане, не можам веќе да сеам младост по карпи змијарник.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
При тоа старецот тешко се издиши.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Детето полека се спушти на сламата, која што зашушка под него и длабоко се издиши.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Се издиши длабоко, ја поздрави, ги поведе попот, кумот, деверот и брат му Стоја.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ете, Митровден е близу, да собереме шо дал господ, па имаме и три куќи, сакате излезете вие, сакате да излеза јас, да не нѐ носат светот отпазар — напазар, — рече Стојо со тага на душата и длабоко се издиши.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Таа цело време гледаше во „попчето“ па и кога се појавија да ги поздрави публиката, и виде чисто и бистро оти очите од „попчето“ беа втренчени во Нешка, и дека и таа не се издиши дури тој ја гледаше.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Ете ти, на, се издиши старецот. - Внук ми се загрижил за мене. Се лути, не сака дома да оди. Го исплашил татко му.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ако го прежали коњот ќе ја омажи ќерката си, ќе ја симне таа тешка мака од вратот, ќе се издиши.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ја симна таа тежина од својот грб и длабоко задоволно се издиши кога го испрати Сефедина со врзаните бунтовници.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Не смее ни да се помрдне, ни да се издиши, ни да викне. Не смее од мечката.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
— Заврти Андон и длабоко се издиши, како човек кого го потиснала несовладива грижа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На Велигден ја поврати причесната уште в црква оти таа му се издиши кога се заврте назад.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ако се предадиш нема ич да а остави мулазимот — се издиши длабоко старецот, и го виде веќе сина си арамија во Толевата дружина.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Пак му ги турам во пајнчето, Ех, некако се напи: на трипати, на четири, Голтни, па издиши, почини се. Па пак голтни. Така.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ако го прежали коњот, ќе ја омажи ќерка си, ќе ја симне таа тешка мака од вратот, ќе се издиши.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Им се сторило дека и планините се издишиле со олеснување.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Не знам, - се издиши дебелиот. – Не се сеќавам.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
А потоа ја гушна, како дете што се гушнува, ја стегна и силно, и милно, колку да издиши лошиот воздух од нејзината мисла.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Човекот се издиши разочаран. - Извинете, - рече тој пак и замина накај станицата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)