издемне (св.)
По пет дена војводата го издемнува Џема, му фрла пипер во очите и му го пресекува гркланот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Имено, таму било запишано дека Костадин Дамчески, Лазор Перуноски и Атанас Јанчески Цицко, брат му на Бошета Јанчески (животниот пат на Бошета, поради една изненадна околност, уште од истата ноќ зеде друга посока, го однесе далеку од Потковицата и никогаш уште еднаш не го врати назад) скриени во житјата на реченото место го издемниле Хаџи Ташку со дружината и кога овие им се доближиле на само педесетина метри истрелале сите тројца наеднаш во нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сепак издемна еден ваков момент да го жегне малце, ако не може веќе друго.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Секој ден, само скришно од него,
издемнувајќи го моментот кога не можат да се сретнат, го правеше истото тоа и Пискулиев.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)