изгребе (св.)
- Забриши ги, - рече - и срчата се изгребала, та ни бришење помага, ни ништо.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Ова се – трагите! Прашинка ако се сочува Изгребана од стапалките на оној што отиде - Ќе се врати! Некогаш ќе се врати...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
На третиот пат, леле мајко, сум рипнала нагоре од столот, ко вејверица сум рипнала и сум го изгребала Мисајлета Ковачот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Може од утре да не бидеме заедно, вели, којзнае кој куршум не мисли отаде ридовине, вели. Ја кревам главата и гледам отаде ридовите. Во празното небо, оголено и изгребано.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А и подот е изгребан, небаре свињи да го копале.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се сеќаваше на еден намуртен бербер кој доаѓаше да му ја изгребе брадата од образите и да му ја потсече косата, и на деловните нечувствителни луѓе во бели мантили кои му го опипуваа пулсот, му ги испробуваа рефлексите, му ги превртуваа очните капаци, го пребаруваа со груби прсти по целото тело барајќи скршени коски и му забиваа игли во раката за да спие.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Одеа во тишина низ една споредна улица (Џулија никогаш не прозборуваше кога беа надвор од главните улици), кога се слушна заглушен татнеж, земјата се поткрена, воздухот потемне, а Винстон се најде фрлен настрана, изгребан и преплашен.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Истоветна лузна каква што носеше Тој на челото - ѝ изгреба и на секирата уверен дека лузните нанесени од честа не се грди, па продолжуваше сам низ планината листајќи ја како недочитана книга чиј јазик го разбираше само - Тој.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Не сакајќи го изгреба по стомакот кога му го влечеше каишот од фармерките.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тогаш мачката молскавично ја крена предната шепа и силно ме изгреба долж целата рака.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кога го турна, тој падна наназад и си ја изгреба раката од камчињата на патеката.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ја чекаше да се врати и сакаше на смеа да ѝ се изгребе од наполитанките, со надеж дека таа ќе престане да му се лути.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)