изгине св.

изгине (св.)

Мореее... ќе им дојдеме доака, туку што рече женава: „Откако ќе изгине народот“.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ПАНДЕ: Море, ќе ги откорнеме, само не знам кога!... МАРА: Кога ќе изгине светот.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Фрлајте бумби, патрони, до еден да изгиниме, в раце не им се даваме! Сестрице, Мукос планино, од тебе ќе се делиме!
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Но кога во востанието изгинаа безброј луѓе, селаните решија да ја менат носијата: во знак на жалост оттогаш па сѐ до денешен ден тие носат сосем црни облеки, а бели им останаа само кошулите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Свесни за својот долг кон Татковината, тие беа тврдо решени да изгинат сите, до еден, но да не отстапат ни педа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сиот простор и сета ноќ се собираа и се повлекуваа, изгинуваа пред три испреплетени писоци, пред дивината со која нагрнуваа, од ништо несмекнати, јалови и пусти.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зелениот бронзен чајник подигруваше над печката, од малечката устинка излегуваше врвца пареа и прво пробиваше нагоре права, а потоа се распрамнуваше, изгинувајќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа изгледаше исто онака вретенесто и далечно, како што изгледаат рибите во матната вода, а тој никогаш не стаса да го дофати ни со мислите тоа меркање, што изгинуваше наеднаш, за да се појави пак на она место, каде што најмалку го очекувал, и во оној миг од разресената лента на сознанието, каде што најмалку можеше да го осмисли.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во таа борба многу ќе изгинат, но оние кои ќе останат - ќе живеат...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Зашто разбрав во болницата: тие што останале во ровот, веднаш по моето пренесување во болницата, изгинале од гранатите...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Таму ми одат нозете, мајче, ми вели Капинка, сами ми одат нозете таму. - Мори, зар сакаш сите да изгинеме, ѝ велам, тебе огнот ми те лаже.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Првиот што излегол, пукнал во некој од Турците и така на куршум одговарале со куршум, на штик со кама. Така изгинале нашите до еден...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се бијат битки, коски колку да сакаш - две кули да извишиш. Многу луѓе изгинале и многу коњи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зад сето тоа се криеше големата сложеност на едноставноста, сиот тој ред на привидното спокојство да стане разбуричканост на споулавеноста - цветови сме што можат да пуштат отровни трња пред кои месото на животот не се повлекува туку им се нуди, им се остава да го параат, и јас веќе не знаев зошто го продолжуваме патот, иако Онисифор Проказник им рекол на неколцина дека ќе изгинеме и како мртви ќе ја победиме смртта зашто друг по нас ќе се бори: на бедниот со срце, господи, помогни му.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе изгинете, децата ќе ви останат сирачиња. Мајко Минадора, кажи им.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Животот на земјата е понижување, душите бараат слобода во сините височини на ѕвездите; ќе појдат по неа, ќе ги проколнуваат и ќе ги плукаат туѓинците а тие ќе ги сечат со јатагани и ќе ги ослободуваат од печал и патила; сите што ќе останат ќе се растураат по селата и ќе собираат нови литии за предизвикување на смртта - оние што не ќе изгинат од оган и од железо, ќе се фрлаат во длабоки речни вирови, ќе се запалуваат по плевни, ќе се бесат во гроздови на свои јамки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога заврши градбата на Беломорскиот канал, како да заврши пеколот на земјата. Многу повеќе изгинале, отколку што преживеале.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Изгинаа милиони невини, но уште ќе гинат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Од секое ќоше демне по некој холивудски народен херој, некој славен лик што се борел за човечки правдини, некој јунак над јунаци што изгинал на големото платно, на пожолтените страници на рото-романите или пак на стрип-лентите во високотиражните весници.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тој ден месец и година во попладневните часови од одредот што изгина, само двамина мажи, партизани, борци на Демократската армија на Грција, го бранеа ридот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе