иднина (ж.)
Во иднина светла, во иднина нова, татковино наша и родино клета, штом овдека златни ќе зазвучат слова, во чудесни ружи ќе расцутиш сета.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Но тие треба да ја гледаат во иднината реалноста, а не тоа што им се бендисува.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Што направивме и што треба да правиме во иднина?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А ако Македонија досега, со мали исклучоци, се развивала одделно од Бугарија и Србија, тогаш таа може да го прави тоа и во иднина, уште повеќе што пропагандите – бугарската и српската – ги употребуваат сите и дозволени и недозволени средства за да искоренат сѐ самобитно, сѐ чисто македонско во нашиот народен живот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Го разбрав. Го мрзеше да чита - јас требаше да го ранам неговиот ум со прикаски, да го спасам од вкочанетост и да му овозможам развиток, и пат кон иднината преку мене како преку мост.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Не, тоа не ќе биде обично разделување и една младост попусто измината, разделбата ќе прилега на цврсто прегрнување на некој превој непознат далеку во иднината.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
А кога во ноќта како пред огледало минатото се слее во иднината беспоштедно ме прогонат во мракот двете будни очи на вистината.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Жесток хуманизам на еден очајник кој за мојата иднина.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Вечерта Марија го прекори: „Доста е. Треба да мислиш на својата иднина.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Гласот му беше темен кога ѝ рече: „Се шегуваш кога говориш за иднина. Иднината е попска проповед.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
По земјата, до недогледна иднина, лазеа никаквеци.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ќе измислам една иднина и ќе се смирам, мислеше. Ќе побарам некоја Марија за една вечер, дури и ако не никне на врбите грозје.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
За миг, чиј живот е долговечен колку и една искра, колку и светлоста на ѕвездата со бела опашка, минаа пред неговиот вид призраците на една иднина независна од него: Јана со набрекнати дојки и детска количка пред себе, и тој, Иван сиот покриен со мирис на пелени и загорено млеко, и дождалците зад широкиот грб на богот Мирон, и брат му со нова и тешка кожена торба под мишка, и тие, бројките од Нојовиот ковчег, весели и насмеани победници над една рапава смеа.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Впрочем, не се тркаламе само ние во овие грозни црнила што зјапнале пред нас наместо иднина. Сиот свет.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Седи, размислувај и крои планови за иднината. - Овде иднината е само бавно умирање.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Го поткрева главчето, ги дига раменцата игра со рачињата, мавта со нив во иднината. целото зацрвенето како огног во прекршениот леб, како чистата зора во згаснатите ѕвезди.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Ѕидниот часовник – предел во кој се гледа пастувот од песните со рогови кога го корне крстот во полето; лилјак кога прелетува некаде од кај амбарите; старец што му шепти во сонот на полноќното сонце; ноќта во која полка исчезнуваат буквите чиј глас од ѕид до ѕид, бие во крвта, скита низ иднината и застанува само ден-два по твоето заминување.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Пред нас кога блесна Кавала во зорите, Белина од праискони кога ни ги исчисти душите, - Нешто ни шепна морето О, благословени дечиња на мојата татковина, Шепнете го и вие неговото име и тоа е доволно Врвовите на вашиот глас низ иднината.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Во иднина значително ќе се намалат отпадните води, зашто се планира концентрирање на нови производни капацитети покрај големите реки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Како секој потчинет и ропски човек, тој беше смртно исплашен за својата бедна иднина.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)