зјае (несв.)
Срните почнуваат да плачат дека останале шути, а елените дека од скршениот рог раната им зјае...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Немее пустиот простор по врбата што зјае.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Тоа е срецелото. Оградено е, од југ, со авлијата на Јанчевци Талевци, од исток со авлијата на Мицковци Трајановци, некогашното училиште и некогашната општина, од север со гумното на Дамчевци Џаџовци, од запад со источниот ѕид на чифлигот Трпоски, дуќаните Акиноски, кои уште од Второто србско зјаат пусти, со откорнати врати и прозорци, и со авлијата на Ризевци Софревци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Продолжува: „На твојата неразместена постела, ги броиш пукнатините на таванот, зјаеш во никаде.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Низ сета таа отмена измазнетост и понатаму зјаат пукнатини.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Пред мене зјаеше само празна темнина: ни свадба, ни сватови, ни свирки, ни тапани, ни младенци, ни вино, ни јаболко.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Навистина токму овој нејзин исказ ме исфрли од рамнотежа иако слушав внимателно а притоа се трудев моето внимание да не личи на зјаење во празно.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Огновите на ровјето зјаеја од него, а громовите патот му го осветлуваа!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Ќе истече денот како Сува Река Ќе зјае ноќта на чардакот.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Потоа отидов да се санкам Распенет снег и лица на млади жени додека летаме покрај порти што зјаат А низ црвените кругови од уличните светилки фрчат гласови или бушави глави Збунети лавови што скокаат низ обрачи од оган.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Пеперуѓи со оловни крила по цвеќињата Убавината има стрпливи двојници Зјае вратата кон полето со мермерна трева Ветерот трча по нечии гласови што се чинат детски А кога ја вглавивме вратата во шарките ноќта излезе.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Како некаква бездна да зјае помеѓу оние кои меѓусебе се сметаат за нормални, и оние кои нормалните ги прогласиле за луди.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Може да се допре со прсти и она што не постои, иако место злато, изложено на завитканите во кадифе витрини, зјае голиот асфалт.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Како да ми ја раскажа приказната за Бикот, што му се ругал на телето кое во својата наивност прашало зошто не влегуваат во дворот кога вратата зјае? Дали затоа дека е шарена?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Заради лошите односи на заедничките сопственици, ваквите куќи сѐ уште зјаеја помеѓу новата модерна градба.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Прозорците на околните згради сѐ уште зјаеја како шупликави темни пештери.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Длапките му зјаат празни. Зениците ги нема.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Затоа, пак, му се восхитуваа многу други кои се симнуваа од возот. Остануваа подзинати, се чудеа, зјаеја... И јас!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
А денес, ако некој поминува по патот кој води покрај фабриката, зјаат искршените прозорци кои потсетуваат на многуте тажни работнички судбини – од кои некои, во моменти на очај, завршија и со самоубиство…
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Игралиштата за баскет зјаеја празни, а во вечерните часови кучињата скитници беа главните актери на темните маалски улици.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)