зоба (несв.)
– „Е лели и ова не ми го веруваш, бре татко, ами кога беше ти на орање во големата нива, лели ти ги тераше Велко воловите и јас си зобав црви во браздите изорани; ами лели Велко ти рече два три пата: дедо, дедо, нашиот штрк ете го зад тебе, и ти на треќиот пат ме удри со остенот и ми ја окрши писката од ногата, та едно чудо време боледував, одвај дури оздравев.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Поораа уште малку и бидејќи Силјан си одел по браздите сѐ близу, си зобал црвјето, чунки му се сладило, и му се чинеше оти татко му го милува, без да му текне оти е штрк во тој саат.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Појадокот се сврши, маските одамна беа зобани и нашите гости, од двајца, си тргна од дедот Карабуклија со еден повеќе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Првиот брза пред другите двајца: - Ја зобаш ти народната мака и на оро, си со брадестиот јарец талјански и швапски и со сите твои и заслужуваш да те избричиме под грло не како што бричи селскиот бербер Кузман па сѐ влакна бијат од лице туку ќе те избричиме јас Мушмула и Сотир ниедно влакно да не ја пробие кожата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Гавраните ги зобаат ѕвездите. Затоа очите им светкаат однатре.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Немаш, ништо, и слеп си, и слеп можеш да видиш во овој час многу луѓе се слепи, во овој час нивните очи ги зобаат гаврани со очила.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Јас можам да скинам една, две, и толку. А ти цел ден да зобеш, не ќе се назобеш.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Зоби, зоби, чедо, - се топеше од милина старецот гледајќи го внукот како блажено ја полни устата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Плодовите му се сторија слатки а не кисели, па седеше под нив и ги зобаше како зајак во недоумица на крстосница.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Чаршијата се тресеше од тељаљите што ја објавуваа веста, калдрмата стана лизгава од расфрланите аспри ковани во Кратово, вратите на апсаната се отворија и пуштените се нафрлија врз ситнежот да зобаат како пилци, а Бошко си ги најде жената и децата дури во Бојаџиската чаршија, стуткани зад едни црвени преѓи што се цедеа на ченгел од крвавата боја.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Ѓупче, - му рече Соколе, - ако сакаш да зобаш есеноска грозје кај мене, да ми донесеш како знаеш слика од едно девојче.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Преживуваше зобајќи ги со гадење затворските дневни оброци со помош на приборот закачен за дрвената маса, додека погледот постојано ѝ беше закован за литографијата на генералот Франциско Франко, која од височина владееше со мрачната средновековна трпезарија.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Попаднале на оридско поле. Да зобаат пребела пченица.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)