значителен (прид.)
Пред сѐ, во Германија не победи револуцијата, туку, особено во рамките на пруското кралство со апсолутистичкиот монарх на чело – феудалната класа сѐ уште имаше значително привилегирана положба, а младата германска граѓанска класа си беше извојувала далеку помалку одошто онаа во Франција.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Во иднина значително ќе се намалат отпадните води, зашто се планира концентрирање на нови производни капацитети покрај големите реки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Разговарав со еден млад пациент, пак од нашата земја, кој со интервенцијата на Гио во разните канали на нервниот систем, односно во центрите за движење на малиот мозок, успеал, според сето она што денес може да го даде неврохирургијата во светот, да му ги смири движењата, неволните, рефлексивни движења на рацете и на главата и го оспособил да може самостојно да се служи со раката, да може да се вклучи во животот со значително помали недостатоци.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Кривичното гонење на уживателите на дрога не го намалува значително нивниот број. Голем дел од населението има пробано дрога (една третина постари од 12 години има користено, на пример, марихуана).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тоа потраја така многу години. А тогаш, одненадеж, работата за него значително се измени.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ако е така, причините за укинувањето на кривичното гонење значително слабеат. Накратко, Бендоу не успева да даде убедливи докази за тврдењето дека легализацијата не би ја зголемила потрошувачката на јаки дроги, ниту пак проблемите што произлегуваат од тоа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ваквиот пристап би понудил можности во понатамошното истражување таа политика значително да се прошири. Итан Неделман (Ethan Nedelman), професор на политички науки на Факултетот „Вудроу Вилсон“ (Woodrow Wilson) во Принстон (Princeton), предлага постепен пресврт кон легализација „кој би започнал со легализацијата на марихуаната, за да може да се запре, преиспита и пренасочи политиката во врска со дрогите која станува прескапа или контрапродуктивна”.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сево ова дава можност да се претстави еден ваков значителен број на вредни предмети кои го откриваат патот на творештвото на авторот од повоениот период сѐ до 1986 година, без воопшто да се добие впечаток на неред или прекумерност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Како и да е, тој со своите две збирки раскази, „Ѓон“ и „Скок со стап“ значително отскокна меѓу жабите во мочуриштето, иако неговата иднина како врвен прозаист, си дозволувам да кажам, изгледа прилично несигурно бидејќи во неговите раскази се чувствува одреден недостаток од теми и одредена тежина при создавањето - што е, ако ништо повеќе, лек против неподносливата леснотија на пишување на скрибоманите.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Поради духовна сродност кон групата „Мост” 1906 се приклучува Емил Нолде, син на фризиски селанец, кој со 39 години бил значително постар од другите, но останал член само година и пол. 80 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
И во суштина, иако не беше употребена за ниедна од тие цели, туку само за автоматски процес на производство - произведувајќи добра кои понекогаш беше неможно да бидат дистрибуирани - машината навистина и значително го подобри животниот стандард на човечкото суштество во еден период од околу педесет години, на крајот од деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Меѓутоа, таа оставила значителен ефект кај турските власти.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Како што е познато, тоа убиство било извршено по наредба на Борис Сарафов и предизвикало значителен одглас во Европа, а Бугарија и Романија ги довело до работ на оружен конфликт.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во значителна мера компромитиран, Сарафов не можел да остане повеќе на чело на Врховниот комитет.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Светот настанал од влажен збор. (настанокот на светот според Догоните) во мигот на зачнувањето влажен е и воздухот и вагиналните ѕидови, температурата триесет и седум степени, умерено до значително облачно со услови за краткотраен дожд. никогаш не си земал часови пливање, но грбно ти оди добро. со секое проѕевање во матката по малку и голташ - протеини, јаглени хидрати, електролити и уреа. спокојно се нишкаш на тој воден кревет. како човечка рипка дремеш во мракот. потоа шок - со плач протестираш кога меурот ќе прсне и мокриот остров ќе се претвори во непрегледно копно.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Споредено со ЗИПДНД од 1992 година, тоа значеше значително намалување на висината на овие надоместоци.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Кај оваа формулација треба особено да се нагласи дека наместо работни денови, се бројат сите денови, што е значително понеповолна ситуација за работниците.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
На тој начин, барем нема да се усети значително помалата бројка ужалени луѓе...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
2. Промени во законската регулатива настанати со донесувањето на ЗВОСН во 1997 година Донесувањето на ЗВОСН во 1997 година доведе до значителни промени во поглед на правата што ги имаат невработените лица.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
4 Работната атмосфера, особено по доаѓањето на новите газди и смената на дотогашната сопственичка структура, почна забрзано и значително да се „вжештува“: беше поставена нова директорка која ги тераше вработените да работат и за викенди, без да бидат 218 соодветно платени за тоа; се работеше и по цели денови – од 7 часот наутро до 21 часот навечер, под образложение дека на вработените „им фалеле работни саати“ за да ја остварат предвидената норма; перманентно некој од вработените работеше и на празници – без за тоа да добие надоместок [дневница] или, пак, слободен ден; а беше вршен и перманентен мобинг врз работниците – преку разни средства на вознемирување (на пример, тие беа тенденциозно казнувани за измислени „прекршоци“ и дисциплински повреди; често, при пописот на лековите, беа лажно обвинувани дека имаат наводен кусок, односно „минус“ во касата – дури и по неколку илјади денари, а којшто потоа требаше да го надокнадат од свој џеб; беа терани солидарно да учествуваат во плаќањето на сметката за фиксен телефон кој го користеа исклучиво за службена комуникација и сл.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)