здржан прид.

здржан (прид.)

Продолжи првин со одење, во кое имаше и демнеење на мигот, во кој таа и би се вратила, а кога човекот немаше со што да фрли, таа зеде пак да се шиба огромна и блиска, каква што беше, за да можеш да ги здогледаш и црните српови од ноктите на нејзините шепи, за да можеше да го видиш секое превиткување на тупата болка во нејзините скокови, за да можеш да ги видиш и нејзините крвави непца, за сето време испуштајќи некакво подмолно завивање, полно со една ужасна, здржана, придушена бол, а Змејко, кој уште на првиот нејзин чекор знаеше дека ќе мора да отстапи, сега, кога она завивање нараснуваше во некакво ужасно стенкање кај она ѕвере, готово да расчешне сѐ, што ќе му се најде на патот, го сети дивиот ветер како го подига угоре и како го урива во провалијата под неговите петици и расплакан и сосема совладан тој отстапи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нашите застрашени детски очи беа управени кон човекот со долго црно кожено палто и со долги мустаќи, кои му даваа строг израз, дури и кога на лицето ќе се појавеше здржана насмевка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Молчиш и здржан си за да можеш да ја дофатиш оддалеченоста што ја создала смртта и во исто време да се одбраниш од нејзината блискост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дубровчанецот помолча. Во очите му трепереше здржана насмевка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се грбавеше врз тркалезните сплескани пари небаре првпат ги гледа, и со здржан кикот, ѕверејќи се спрам ридовите, ја вртеше парата и читаше во занес: „Нека му биде победата славна - сечено во Кратово”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
По патот, и првите два-три дена во Софија, дури бараа кај да се сместат, Орде Годивец, со кого Пискулиев како човек од постарата генерација немал никаков допир речиси од оној ден на крштењето, се покажа мирно и здржано момче и ги освои симпатиите на својот кум.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Желбата на записот е повеќе да се опише отколку да се објасни, и за мене самиот, досегашното повеќедецениско молчење, здржаноста да се доискаже во стихови мојот однос кон Рацина и кон неговото пеење, поривот но и несигурноста на моето доближување до него, почитта па отаде и стрептежот од јавно кажаниот збор на што толку мудро ни укажа Блаже Конески, дрзоста и дораснатоста на младиот поет да проговори со јазикот на песната за Рацин, за Рацин што го пробуди во нас идеалот на јазикот и убавината на поезијата.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Здржани постапки што не смеат дури ни да потсетат а камо ли да ја употребат онаа толку природна забелешка што многу е присутна во вакви случаи: дека на овој удобен дом му недостасува само уште женска рака.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)