здравоживо (ср.)
На поп Петка му одговори на здравоживото ладно, бидејќи одамна се караа по семејни причини, и му го покажа со глава малиот Крчо со неколку зборови: — Еве, го, го доведу, ама гледај да не го нападиш па оти со мене ќе си имаш расправиа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ти не знаеш него, ќе видиш, ама селанец пак селанец, ќе нарачаш в село кој ќе видит тој Ѓуровчето, нека кажит здравоживо од мудурот, нека дојдит право кај мене, ич, жими вера, потамо не велам.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Повели, невесто, едно здравоживо од старата. Повелете на госје.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Каде вака се измачи ти вечерва да не видиш? Му направи здравоживо и Трајко, а бегот седна и се загреа на пламенот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Кај што има чад, има и оган, вели Лазор Ночески, не дојдоа доктурите за здраво-живо.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Излегува на врата Огнен Ѓорго, а ние ни „помози бог“, ни „здраво-живо“, уште од врата прашуваме за некој што се разбира од ушни болести, што куша за уши.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Секогаш кога ќе одеа нашинци во Белград, за да служат војници, или за да работат, или за да се лечат кај тамошните доктори, тој секогаш, скришум од своите, молејќи се никој да не дознае за тоа ги поздравуваше Благуна и Видана и им пушташе, колку за здравоживо, по некоја пара.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Здравоживо мор Пелгијо, кај гу имаш скриену то нашто кумашинче! го пуштил гласот Танаско, а Пена ја гушка, ја стиска, чиниш сака во себе да ја втера, потоа Пелагија ги гушка нивните деца, ги опсипува со бакнежи, влетува и во прегратката на Танаско, а потоа тоа купче од луѓе и гласови се раширува во дворот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Така, во ова модерно време компотот што нашите баби го испраќаа здравоживо за внучињата, во тегли завиткани со стари весници, се претвори во чај, се разбира без парчиња овошје во него, само вода.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)