згоден прид.

згоден (прид.)

И најпосле, ако Организацијата и македонската емиграција во Бугарија, особено оној дел од неа што има или државна служба со убави плати или се занимава со журналистика и со тоа има убави доходи и големо влијание на бугарските работи, така што се јавува со кандидатура за министерски места во Бугарија или си има други згодни потфати, -дали, велам, и без помошта на таа наша колонија е возможно некакво особено пројавување на нашата преродба, а имено во таква смисла како што ја спомнав, т.е. во полно одделување на нашите интереси од оние на балканските народи и во развивање меѓу македонската интелигенција и народот македонско народно самосознание?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
АНТИЦА: Ич не е срамота. Како за тебе може да се каже дека е згодна прилика.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
При згоден случај ја советуваше. Ѝ говореше не повелнички, од високо, туку едноставно, загрижено. И никогаш пред други.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Другите две можеле и да останат свиткани под твојата дебела кожинка и тука задржани, без да бидат во состојба ни да те раскрвават, едното од нив можело и да се слизне по твојата четина и воопшто да не те повреди, но ова, што те тера да крвавиш вака, не ќе е на некое многу згодно место, тоа може уште оддалеку да се види, му зборуваше на својот самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оваа згодна идеја му се свиде на Трајчета и праша: - И другите ли така ќе направат?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Токму тогаш Шишман здогледа пред себе едно згодно камче, ама како да се ведне.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но и нему му беше згодна работичката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас оттаму дојдов и згодно место е сртот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На три четири метра внатре од стената на која заработи Толе со Јована, каменот престана и се јави мека земја, згодна за работа без барут.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Еда, најдов само две, еда згодни буки, ба му ја, вели Давиде Недолетниот, ама едното е, еда, многу на сонце, вели, а другото е многу в осој, еда, под сенка, да му’бам мајката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои гледаа дека ова е згоден момент да ги смират Танаил и Китан и му велеа на Китан да ја одложи свадбата за некој ден - да не биде заедно со погребот, но Китан велеше: „Свадбата е закажана и не ја одложувам... Одложена свадба коби на лошо...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Учителот постојано ги меткаше лисјата хартија што ги држеше во раце, чекајќи згоден момент да го прочита она што го имаше приготвено за да ја запознае Комисијата со селото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Згора на тоа е сексуален монструм, не по изглед, туку по душа. Воопшто не е згодна, а изигрува страшна женска.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ти – згоден патрициј, образован во Гимназионот, чиј конзул на филозофија беше Псел лично, јас – горда ќерка на дивиот нормански барон, која, од темниот смрдлив замок, во кој спиеше на подот, покриена со правливи кожи од мечки, пристига во светла палата, со ѕидни мозаици, егзотична трпеза и раскошна бања.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тогаш ќе му го исперев газот, па ќе го „опичев“. Беше тоа многу слатко. А и тој беше згодно момче.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ја мразеше затоа што беше млада и згодна и несексуална, затоа што тој сакаше да појде со неа в постела а никогаш нема да го стори тоа, затоа што околу нејзината слатка тенка половина, која како да те повикува да ја опфатиш со рака, се наоѓаше само оној одвратен црвен појас, тој агресивен симбол на невиност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и кога средствата за војување не се навистина уништени, нивното натамошно производство е згоден начин за трошење на работната сила, а притоа да не се произведе ништо за широка потрошувачка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој чувствуваше одбивност кон речиси сите жени, а особено кон младите и кон згодните.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој беше згоден, силен, умен, надарен за уметност и полн со физичка издржливост; беше виртуоз и на перо, и на разбој; не знам зошто се вљуби во мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Затоа што позгоден фраер не сте виделе! – ги пресече Весна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Повеќе