званичен прид.

званичен (прид.)

Во неговиот дел на Нојовиот ковчег стоеше брат му повеќе званично отколку комотно и го мереше со млака љубопитност. „Дневниците не ми беа високи во смоларата“ , покажа кон креветот Отец Симеон; го нудеше да седне.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А од 1 до 23 јуни, истата година, во Москва престојува званична делегација на Владата на ФНРЈ и е потпишана декларација за односите меѓу Сојузот на комунистите на Југославија и Комунистичката партија на Советскиот Сојуз.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Широк Сокак е приказна за себе. Така се вика главната улица по која сега зачекорив, односно така сѐ уште ја викаат битолчани, по навика или од некоја стара севда, иако званично улицата го носи името на Маршал Тито.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се сеќавам на одредени реченици: „Аргентинската историја е фикција, односно, нејзината званична верзија е таква“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Брат ви ја работи истата работа званично.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)