збиднување (ср.)
Има на секој чекор раритет и збиднувања, монументите се на дофат на чекорот...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ете населба, то ест место, каде што христијанската верска догма не успеала сосема да ги надвладее паганството и митологијата, туку приопштувајќи се кон нив и испреплетувајќи се со нив, со нивните обичаи и празнувања се натоврила како со бесцени камења, и историјата, припокривајќи сосе малтер на легенди и преданија, печалела за други, за завојувачите, додека за тукашните ги резервирала страдањата, прогонствата и истребувањето, а заедно со нив правото на бој и правото од сето тоа да разгрнат епски духовни мегдани, кои, во текот на времето, неуките но интелегентни души на жителите на Потковицата ќе ги преобратат во фактичка своја историја и врз неа ќе прикрепат една колку рурална толку здрава и чиста егзистенција, која, пак, несполуките и поразите, кои се јавуваат како негација на сѐ живо и движно, ќе ги извиши на рамништето на својата вера во опстанокот и тука ќе ги озакони како судбински збиднувања во човековото битисување во овие краишта.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И не само што Бојс не оставил никакви индикации за начинот на нивното излагање на плочите, тој исто така ги отфрлил и назнаките кои би можеле да ги идентитикуваат делата и збиднувањата што се претставени.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Зелениот дијамант е пасивен во однос на сите цивилизациски збиднувања, тој е потполно незаинтересиран за човечките потфати сѐ до оној момент додека тој самиот не стане центар на интересирање на човековата алчност по моќ.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Од идолите – предалеку. Од сите културни збиднувања.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Намерата на овој запис не е да пребарува по песните, по минатото, по деталите и по севкупноста на историските збиднувања на трагичната смрт на Рацин.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Чувствуваше дека повеќе никогаш нема да ги види ниту бањите, ниту Виенските Шуми, и затоа во нашите разговори се сеќаваше на некогашните летувања, на она што се случувало тогаш и таму – збиднувањата со внуците, разговорите со Зигмунд, Роза, Марта и Мина, а потоа гласот одеднаш ѝ се менуваше, и само ќе речеше: „А ти во тие лета остануваше овде сама.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Како што беше веќе речено, на спомнатиот симпозиум, уводниот дел на известието на професорот Седларов беше изоставен бидејќи тој сметаше дека вметнувањето на личните збиднувања и видувања можат да ја намалат вредноста на научниот приод толку сериозно третиран во забелешките навдени во светите книги.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- Смачено ми е од извештачено продавање на приучени манири, смачено ми е од користење на интернационални фрази за да изгледаш помудро, смачено ми е од целиов овој провинцијализам што сака да се напика во центарот на сите збиднувања ...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Тешко е да не се препуштиш на целиов провинцијализам што сака да се напика во центарот на сите збиднувања, да држи говори, да се слика пред медиуми, а да не ти пропаднат сите шанси за нормален живот, зашто конците на твоето кутро суштество се во нивните раце и тие ти ја даваат единствената навигација по која ти треба да живееш, ти ја даваат единствената смисла на живот по која треба да трагаш.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
И да, посетуваат такви збиднувања, а тоа го прават само за да бидат видени.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ти пишував за сѐ што се случува наоколу, за децата, за роднините и пријателите, за сите мои размислувања, за сите збиднувања… Така ја празнев душата.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Прифаќајќи го визионерскиот речник на големиот Жан Моне, еден од татковците на модерна Европа со нашето будно око низ парадигматичната логика оставајќи илјадници збиднувања вчера со желба и конструктивно заедничко денес... „Господинот Европа“ - Жан Моне, на стариот континент, Москва, Вашингтон, Токио, Пекинг, Њу Делхи, ги откри патиштата кон трајниот мир лулката на светска цивилизација, потиснувајќи го вечниот полигон, гробница на човечки надежи...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Среде чаршијата, каде што беа сите збиднувања и тоа во екот на сезоната.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)