збере св.

збере (св.)

Се повеќе од нејна град се крева плач и пискотот што воздухот го полнат. Над овој толку тажен створ се збраа многу жени и со една тага болна ѝ шепнат тие збор по збор.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Јас сина да видам - ќе жртвувам живот, копнејќи; сили со радост ќе зберам.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Од кротката раја, во нашата клетва се вели, Гегите храна ќе зберат.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Си наполнил Силјан едно шише од човечката вода и си го врзал на гуша, та си се сторил штрк и си летна заедно со Аџи Кљак-кљак, та дошол кај што беа збрани сите штркови.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И не година, не две. Години, години да изврват; скотски да живееш, пари да збереш, додека да имаш лице дома да си дојдеш!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ќе ѝ пукне резил на момата!... Збери си го умот, што правиш! Жив ти господ!... (Му паѓа в нозе).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Нема ли срце, нема ли срце - на срца срцето, срце - ширини широко срце - длабини длабоко - цел свет да збере, па да е за виа гради малечко?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Нека се зберат сите орли над мојава пепел да вијат ќе ги нахранам за сетно а потем сите беспатја на нивните крилја нека расцутат дива подземна рика нека ги храбри: најхрабриот од вас исколвете го жив на топла крв да ја посадите мојата пепел да заврзе нешто што ќе го поткрене небото горе да има кај да се умре илјадна не стигам!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
II Елате момци црни мажишта, дечишта, чакали, орли од сите угари од сите добрави сите дедовци и сите колена Елате Да се збереме да се видиме Останало в крв уште од века нешто ни една лута змија в земи не ќе го исцица ни една тревка ни еден корен не ќе го исцица што ќе остане да ја храни оваа црна и проклета да раѓа бериќет маштија и немаштија.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Елате мои црни мажишта сите векови и сите колена Елате да се збереме да се видиме
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ќе се зберат старички во црковниот двор, мислеше тогаш, густо ќе се зберат со босилок в раце, со шепот на усни, со црни прекривки на темето.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Околу него ќе се зберат луѓето да видат како телото ќе се залула на јажето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На една страна е она што го дави човекот, на другата е збран револтот на совеста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Војниците му ги врза рацете и го збраа по патот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сите мажи да се зберат и да дојдат во училиштето!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Холандија ги збрала циганите во провизориуми, во живеалишта на тркала, во коли слични на циркуските.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зборното место го викавме „Под врбата“.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Некој му носи понада не од почит кон него, ами кон смртта што го чека и него; му носи што е најубаво за јадење за да му ја одоброволи смртта и да му ја направи помила, зашто животот си оди и како да си го проживеал: добро или лошо, среќно или несреќно; сиот живот е само еден миг: мигот на умирањето: во него сѐ е збрано.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Нашето минато, нашата сенка без која не би биле сега овде збрани во слава на Светиот оган сред длабоката темнина на шумата подготвени да го каснеме посниот залак испржена риба пред да се појави другиот оган - небесниот диск, врз почетокот на нашата преобразба.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Сите ние сме тука збрани во времето „кон“.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Повеќе