заѕвони (св.)
Младоженецот го крена шишето и со тресокот го удри од подот. Илјади линциња заѕвонија по чардакот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Кога имаше седум години заѕвони телефонот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Најпосле главатарот го нави часовникот за да заѕвони и за да го избрка стравот и викна: - Ќе го пратиме белово дете да го најде лавот и да му ја земе сенката.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Заѕвони. Се оттргнав од нејзината рака што ме беше прегрнала и потрчав во класот.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Ѕвончето весело заѕвони и сите ученици ја напуштија училницата.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Во недела попладне, ѕвончето на нејзината врата брзо и нестрпливо заѕвони неколку пати. Професорката збунетто ослушнуваше.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Кога повторно заѕвони, таа скоро со страв, тивко се прикраде до вратата и преку очилата погледна низ окцето.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Во тие моменти постојано страхувам да не заѕвони телефонот, или пак некој да не ни дојде на гости и да нѐ прекине во разговорот.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Токму тогаш заѕвони телефонот и се јави татко ми.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ниту на телефон да не одговарате, ниту вратата да ја отварате, ако некој заѕвони.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Бев веќе облечен, миен и брзаница појадував, кога на вратата заѕвони. Клучот в брава - и отворив.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Во мигот кога заѕвони со Дејко срипавме: „Имаме црно кутре... сосем црно кутре!“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Почна да набабрува како папунец, и токму кога го ладев под чешмата, телефонот зазвони.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Одвај го стори тоа кога клетата направа повторно заѕвони. 41
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Еден телефон заѕвони.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
По подолго време заѕвонија два телефона. 47 Еден релеј се вклучи.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ќе заѕвони телефонот и тогаш се одвива современ разговор наместо овој посебен начин на подготвување на предавањето).
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Потоа заѕвони. Црната порта се подотвори.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Само што заѕвони и го кажа своето име, го слушна неговиот весел глас.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Заѕвони на вратата од нивната куќа. Отвори помалата сестра.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)