зачуван (прид.)
Инаку, еден од најзначајните обиди шопското наречје да се издигне на степен на литературен јазик за Бугарите и за Македонците, како компромисно решение, го направи штипјанецот Јосиф Ковачев (1839-1898) со својот „Болгарски Буквар” (1875), наведувајќи дека „шопското наречје”, со центар во Ќустендил, е средно и најчисто зачувано меѓу „севернобугарското или балканското” и „јужнобугарското или македонското”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
31. Каравлашко всушност е само еден дел од денешна Романија. По обединувањето на Каравлашко и Молдавија (1859) се создаде државата што го доби името Романија (1861), но Мисирков го употребува традиционалното народно име што е зачувано и до денеска во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во еден град на Германија се случи автомобилска несреќа: добро зачуван мерцедес остави зад себе на крстопатот прегазен американски војник.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Од таванот украсен и ишарен во средината и на четирите ќошиња со длабока, на орево дрво, изработена резба, висеа големи гроздови миск, лисиче, каланпарај и друго грозје зачувани уште од есента, повеќе за личнотија, бидејќи за јадење се пазеше во мусандрите одбрано грозје.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Знаеше дека беше потребно само да не биде зачуван навикот пушката да се подигне толку бавно, за притоа да не биде предизвикано ни најмалечко бранче во воздухот наоколу, за да остане со празни очи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Аха, така значи, итрецу! Ти ја открив тајната! - шепотеше Бојан, благодарејќи му на деда си за зачуваната пушка.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Правта од мансардата зрачеше со топлина зачувана од минатите времиња.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Таа им ги познаваше неекспресивните лица и зачуваните дланки и точно ја имаше увидено нивната висина и ширина во однос на висината и ширината на собата во која се наоѓаа.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
А над сето тоа, сосем анонимни, беа раководните мозоци кои ја координираа целата работа и ги утврдуваа основите на политиката од која произлегуваше кој дел од минатото треба да биде зачуван, кој да биде фалсификуван, а кој да биде избришан.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Наместа сега ѕидовите се напукани, бојата загасната, но уметноста на Славејко сосема е зачувана.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Зачувани се делови од првичниот иконостас изработен со бел мермер и интересен фрескопис за кој, секако, повеќе ќе ни раскаже отецот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ова беше постојаниот рефрен во нејзиниот живот, обично тивко изговорен, а најчесто и зачуван во себе.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во мислите, оваа ноќ, сеќавањата на миговите од неговиот живот му беа зачувани како живи, како вакуумирани во некој вонвременски простор или длабоко смрзнати од студенилото на зимата, а годините што ги минал во тој живот беа исчезнале без траг.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тоа беа зборови што ги беше прочитал во еден напис зачуван меѓу книгите од манастирот Свети Ѓорѓија-Горг.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Како зачувани отпечатоци на изгледот на минатото, не само на сценографијата и костимографијата на одвеаните времиња, на променетата топографија и географијата на просторот, туку, најмалку прелажани, и на пејзажите на човечкиот свет, лицата, изразите, односите, слабостите, емоциите, расположбите, душите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Масата пред мене беше четвртаста, во средината излижана, со видлива патина по нерамномерно зачуваната маслинеста боја на површината на која се шеташе отсјај на една од неонките на плафонот распоредени во два паралелни реда.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)