зачува св.
зачуван прид.

зачува (св.)

Таа треба да си ги зачува своите интереси таму, па и ако тоа зачувување не ќе биде по вкусот на „самостојната” и „национална” политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секоја држава се мачи, ако не да прави нови завладувања, политички, економски и културни, тогаш да ги зачува оние што се направени од понапред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Едно нешто не го зачува српското име во Македонија; тоа е карањето помеѓу крал Марко150 и кнез Лазар.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но тие шест месеци го лечеле, ама петолирката ја зачувале.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се излажав. Не беше јак да ја зачуваш.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Помеѓу нив се протегнуваше невидлива оска и тие се зацврстуваа на двата краја на оската, за да ја зачуваат рамнотежата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И сепак тоа не беше и најлошото. Тој наоѓаше утеха, дури беше и задоволен дека се зачувал од еден опасен бацил: злосторот спрема државата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сѐ прави Џемал-ага да си го зачува своето гнездо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но, таа доверба, што ја имаше тој таа вечер, можеше да ја зачува само првата година.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Навистина, тој беше доста далеку од многу сртови, навистина -можеше да биде малку погоре, во една од погорните шпели, но барем успеа да си ја зачува затскриеноста, а тоа секому би требало да му биде доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Остана на своите ветки, полн со некаква ситост, што не можеше да ја зачува којзнае колку долго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ си има своја памет, свој ред, сѐ се труди да порасне, да се зачува, да остави семе, да остарее. И билка, и дрво, и животно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мора да се зачува за себе, за мајка си, за татка си, за деда си, за добитокот, за колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А најглавното беше Бојан да издржи, да ја победи снежната опсада, да се зачува од сите зла што сакаа да го потчинат, да го скршат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Франкфурт, велат, од германските градови најмногу ја зачувал својата стара физиономија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Изгледа дека тие со векови заедно се граделе, заедно растеле, зашто и денес катедралата се чува грижливо за да не ја нагризе забот на времето и луѓето се трудат да ѝ ја зачуваат нејзината младост.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зашто со големи маки успеа да го зачува минувајќи со него разни земји и места во светот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Пак човекот со сор оди по суви гранки за да го зачува огнот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Чекав ветар да го одвее отровот. Умеев да се зачувам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Беше, како и секој пат, облечен во неговата доземи долга бањарка за која што баба ми Санда, мајка му, тврди дека му ја купила кога тој имал десет години и дека ја има зачувано сѐ досега само затоа што била изработена од многу квалитетен фротир што денес веќе не се употребува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повеќе