зачекори св.

зачекори (св.)

И, наеднаш во очите му блесна искра: тој решително зачекори накај високите црници, во правец на бараката на штабот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Зачекори кутрото дете преплашено и дојде до нив.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зачекори полека кон неа, несигурно, без нужен такт на ловец пред чии очи е смртта паѓа на коленици.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Со страв на човек кој не сака да го остави своето месо на метални боцки, не знаеше каде да зачекори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа третиот во нејзините последни врели ноќи зачекори кон неа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И сокривајќи ги влажните очи, зачекори преку тврдата земја, која плугот, давејќи се на смрт со неа, со мака ја ораше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ги завлече рацете в џеб и со мазно чело, како да го гледа в лице својот брат (еве, сепак не сум зрно песок и нема да ме избришат водите), зачекори кон срцето на градот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се сретнаа недалеку од наредените црвени автобуси опседнати од шаренолика толпа и застанаа еден наспроти друг, со испитувачки погледи и затворени секој во себе. „Па здраво“, зачекори кон него Отец Симеон, гаменски исправен и со забуцани раце во длабоките џебови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ако сакаш!... Рече тој на крајот и зачекори да си оди.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја стегна трубата. Зачекори. Решително. Се исправи пред оркестарот сериозен, без усмевка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Полека, внимавајќи да не шушка со лисјата, Цепенко зачекори низ царевката и се добра до големиот густеж од капини испречен на самата меѓа - меѓу нивата и патот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сега, во едно напрегање, не можеше да ја совлада трепетливоста на зглобовите на своите остри коленца. „Шибај сам“, му рече Отец Симеон и тој сега, кога ја виде касата, претпазливо ја затвори вратата зад себе и зачекори.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Зачекорува внатре. Штом ќе влезе сосем, се слушаат неколку истрели.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Арсо претпазливо ја гази сенката која не се откинува од стариот како да е фатена за неговите нозе и му пречи да зачекори пошироко.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигор тешко зачекори, загледан во тесниот раб од избледнетото небо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Стана, остро зачекори, загледан во светлата реска на прозорецот која избледуваше и тоа како да го дразнеше па со поголема жестина ја излеваше својата огорченост од човечката слабост и плашливост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Насекаде беше само снег. А Змејко ни кај себеси не го поднесуваше тоа обѕрнување; уште веднаш налутено зачекори напред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И зачекоре по таа крвава трага, со пушката преку рамо и тешко пробивајќи се, сѐ додека самјакот не почна да остава зад себе пак една добра разгазеност, кога престанал да скока, а за сето време размислуваше каде би можел да го очекува сега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш оној полека се покрена и зачекори кон нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пролетта веќе убаво зачекори и во нашата градина.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе