зацрцори (св.)
- Сѐ е ново! - зацрцоре Врапчо. - Штркот си дојде од југ, си дојдоа и ластовиците.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Тетка Фора го запробра огнот во огништето и зацрцори умилно како што ѝ беше табиетот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Кога ќе му зацрцорат, чиниш, куќата ќе му ја кренат со песна.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
А најмногу во нивната спална, та кога ќе зацрцореа, им се чинеше дека се наоѓаат во вистински рај.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Некаде зацрцорува нешто ко ластовица. А може само така да ми засвиреа ушиве.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мали јата ластовици се креваа нагоре и се спуштаа, повремено зацрцорувајќи, среќни заради повторното враќање во стариот крај.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)