зафркне (св.)
Луѓето се зафркаваат со киберсексот, но тоа е нешто за што сериозно треба да се размисли: тоа е драма, подвојување на човечкото суштество!
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Беди: Зафркаваш. Јас, впрочем ко и денес, бев вон тоа, потполно.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
- Опаа, Огне, така, а? – почнав да го зафркавам. – Што ќе сум ти јас? Се упрпа, тоа ли е?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
На сите фотографии изгледам многу полошо одошто во природа, барем мене така ми се чини. – Што сакаш ти, фотографскиот апарат да те разубави? – ме зафркава брат ми. – Не е шминкер!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Аха, ама се зафркнале! – се обиде Лета да ја игнорира новонастанатата ситуација.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
„Тоа би сакала да го научам... Сакам непристојности, особено онаа бидејќи имам пријател со тоа име кого уживам да го зафркавам зошто чезнее да ми посака ама не може да се осмели“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- Јано, Катерина е мојата почудесна половина но покрај тоа уште и најнепроценливиот рудник на доброто во мојот инаку зафркнат живот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Секојдневието може да се исполни со многу глупости и зафрканции.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Сигурно сакале да ги зафркнат Турците, овие да тргнат угоре без вистинска подготовка.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)